Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ПОВИК ЗА АДВОКАТИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ВО СЛУЧАИ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ

ПОВИК ЗА АДВОКАТИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ВО СЛУЧАИ НА ЗАДРЖУВАЊЕ СТРАНЦИ ОД ИМИГРАЦИСКИ ПРИЧИНИ

I. За практиките на задржување странци во Македонија од имиграциски причини

Како одговор на зголемената прекугранична миграција во регионот, задржувањето на странци од имиграциски причини стана растечка појава во Македонија во последните неколку години. Овој феномен ја зголеми загриженоста околу можни прекршувања на човековите права на странските државјани кои се задржани помеѓу македонските граници.

Според статистиката на Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во 2016 година најмалку 438 лица биле задржани од имиграциски причини во Македонија. Според решенијата за задржување, правниот основ е утврдување на идентитетот и присилно отстранување. Од друга страна, според интервјуираните лица, тие биле приведени во моментот додека патувале со криумчари на мигранти и биле ослободени откако дале исказ пред суд. Мнозинството бегалци и мигранти интервјуирани од страна на МЗМП тврдат дека не биле информирани за нивните права по нивното приведување од страна на полицијата и дека сите документи што ги добиле од нивниот влез во земјата не биле можност да ги разберат затоа што биле на македонски јазик. Како резултат на тоа, само едно решение за задржување било оспорено во 2016 година. И во 2017 година продолжија истите практики. Ефективната правна помош и можноста за соодветно оспорување на законитоста на задржувањето се основни заштитни мерки против произволното задржување. Важно е да се обезбеди пристап до правна помош за сите, вклучувајќи ги и барателите на азил, бегалците и мигрантите задржани од имиграциски причини. Правната помош е клучна во обезбедувањето пристап до правда и како основно човеково право и како средство за заштита на другите човекови права. Следствено, мигрантите и бегалците имаат потреба од соодветен пристап до ефикасни правни лекови, зголемена сензитивност од страна на адвокатите и соодветен пристап
до правна помош.

II. Обука на тема „Бесплатна правна помош во случаи на задржување странци од имиграциски причини“
Mакедонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на проектот „Заштита на правата на бегалците и мигрантите“ поддржан од УСАИД ги поканува заинтересираните адвокати да изразат интерес за учество на обуката на тема „Бесплатна правна помош во случаи на задржување на странци од имиграциски причини“. На обуката ќе се разгледа и дискутира задржувањето на странци од имиграциски причини во рамки на националното законодавство и меѓународните стандарди, како и  потребата за застапување на национално ниво и пред Европскиот суд за човекови права.

Учесниците ќе бидат во можност да ги зголемат знаењата и вештините за обезбедување на соодветна правна помош и застапување на мигранти и бегалци кои се задржувани
Македонија поради имиграциски причини. Обуката ќе ја води г. Флип Шулер, адвокат во Холандија, со повеќегодишно искуство во правото од областа на азилот и
миграциите.

Обуката ќе се одржи во хотел Скардус, Попова Шапка од 29 до 31 јануари (понеделник- среда), 2018 година, а работниот јазик ќе биде англиски. Трошоците во однос на организацијата, сместувањето и превозот на учесниците ќе бидат покриени од страна на МЗМП.

МЗМП ги поканува сите заинтересирани адвокати кои имаат познавање и интерес од областа на заштита на човековите права и активно се користат со англискиот јазик, да
достават свое резиме/CV и писмо за интерес (не подолго од 1 страна) на електронската адреса mmartinova@myla.org.mk најдоцна до вторник, 26.12.2017 година.

Поради ограничен број на учесници, изборот на адвокатите кои ќе се пријават за обуката ќе биде направен по принципот прв дојден, прв услужен.

III. За Македонското здружение на млади правници (МЗМП)
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, професионална и непрофитна организација која обезбедува правна помош и стратешко застапување за
заштита на човековите права. Користејќи го знаењето и иновативните капацитети на младите правници, МЗМП промовира владеење на правото и влијае врз политиките преку истражување и застапување. МЗМП се залага за општество во кое ќе се воспостави владеење на правото и луѓе кои активно се залагаат за почитување на човековите права.

Повикот може да го преземете тука: Повик за адвокати

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.