Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Оглас за вработување

Македонско здружение на млади правници – МЗМП Скопје објавува јавен оглас за проектен асистент на определено време за потребите на проектот „Migrant and Refugee Human Rights Protection project“ (Проектот), поддржан од USAID Македонија.  

Опис на работни задачи:

  • Спроведување на активностите од проектот во согласност со правилата и политиките на донаторот и МЗМП ;
  • Навремено и самостојно спроведување на планираните проектни активности;
  • Инволвираност во координирање, спроведување и следење на активностите на проектот;
  • Поддршка при изработка на клучните документи за спроведување на проектните активности
  • Активно вклучување во мониторинг и евалуација на спроведените проектни активности
  • Асистенција при подготовка на писма, барања и друга документација за потребите на проектот
  • Пишување на дневни, месечни, квартални, годишни извештаи за активностите
  • Воспоставување и одржување на постојана комуникација и координација со релевантни државни органи, установи и институции, невладини организации
  • Патување и теренска работа за потребите на проектот
  • Следење на состојбата во делот на азилот и миграциите локално, регионално и глобално
  • Други работи за потребите на проектот

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома – високо образование во општествени науки (стара програма 4 години; нова програма 300 ЕКТС)
  • Релевантно работно искуство од најмалку 2 години
  • Напредно познавање и користење на говорен и пишан англиски јазик. Познавање на друг јазик ќе се смета за предност. Кандидатот е потребно да достави соодветен доказ за познавање на јазикот/јазиците.
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Одлични компјутерски вештини
  • Одлично познавање на Микрософт офис пакетот (Word, excel, Power Point, i dr.)
  • Искуство со ранливи категории и лица со различна културна позадина како дел од претходното работно искуство.

Почеток на ангажманот: 1 Октомври 2017 год

Потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на англиски јазик. Во CV-то наведете референци и контакт податоци во однос на релевантното работното искуство.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 22.09.2017, 16:00 часот.

НАПОМЕНА: При доставувањето на апликациите, во насловот на е-маилот да се наведе работната позиција за која што аплицирате.  Еден кандидат може да аплицира само за една од огласените работни места на организацијата. Кандидатите што ќе аплицираат повеќе пати и/или во две или повеќе работни позиции ќе бидат дисквалификувани.

МЗМП ќе стапи во контакт само со најуспешните кандидати. Евалацијата на кандидатите може да вклучува тестирање и/или интервјуирање. Ве молиме без телефонски јавувања.

Преземете го огласот во PDF: Оглас-проектен асистент УСАИД

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.