Доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија

 

Македонското здружение на млади правници информира дека добитници на награди на „Јавниот повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија се:

 

 

Во категоријата напис или серија написи:

 

Прва награда: Марија Тасев за написот под наслов ,,Во моето убаво Алепо сега има само барут и смрт„ објавенво дневниот весник Дневник

Втора награда: Адмир Фазлагиќ од новинарска агенција Anadolu Agency за написот ,,Слепиот сириски бегалец Леис:Музиката е мојот живот„

Трета награда: Мери Јордановска за написот ,, Заборавени на балканската бегалска рута„ објавен на интернет страницата Призма

 

– Во категоријата емисија, прилог или краток документарец:

 

Прва награда: Милка Смилевска за видео прилог ,,Заглавени во меѓузоната„ објавен на телевизија Al Jazeera Balkans

Втора награда:  Искра Опетческа за видео прилог ,, Животот под отворено небо, секој 113 човек во светот е бегалец„ објавен на телевизија ТВ21

Трета награда: Лепа Џундева за видео прилог ,,Сириски уметник твори во прифатен центар„ објавен на телевизија Алфа

 

– Во категоријата фотографија:

 

Прва награда: Роберт Атанасовски за фотографијата ,,Девојка со куфери „ објавена во агенција Frans Press

Вотора награда: Маја Златевска за фотографијата ,,Поглед„ објавена во дневниот весник Дневник

Трета награда: Томислав Ѓеоргиев за фотографија ,,Migrant Cold„ објавена во неделниот весник Фокус

 

 

Голема благодарност до сите новинари кои аплицираа на објавениот повик и ве охрабруваме да продолжите со својата успешна работа.