Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЕСЧП испитува случаи на принудни враќања од граница- Македонија обврзана да одговори

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур е во тек на испитување на колективни враќања на бегалци од границата на Република Македонија кон кампот Идомени во Грција, кои се случија во март 2016 година. ЕСЧП официјално ги комуницираше претставките доставени од страна на осум лица од Сирија, Ирак и Авганистан до владата на Република Македонија.

Лицата поднеле индивидуални жалби во септември, 2016 година со поддршка на Европскиот центар за уставни и човекови права (ECCHR) и PROASYL. Двете организации тврдат дека практиката на незаконски протерувања претставува кршење на Европската конвенција за човекови права.

Во соопштението за јавност објавено од страна на ЕCCHR и PROASYL на 13 февруари 2017 година, се пренесува изјавата на генералниот секретар на ECCHR, Волфганг Kалек.

“Со принудните враќања – дали во Идомени или во моментов на границата меѓу Србија и Унгарија – владите во Европа ги суспендираат основните човекови права. Бегалците и мигрантите имаат право да имаат права. Случајот Идомени претставува шанса за Судот да го поддржи овој принцип.”

Карл Kop, европскиот портпарол на PROASYL, исто така ја поздравил брзата одлука да се комуницира овој случај:

“Со принудното враќање во Идомени се прекршила забраната за колективно протерување и право на пристап до ефективен правен лек. Ниту Македонија, ниту другите европски земји може да ги оправдаат овие практики врз основа на наводна “вонредна состојба”. “

Во комуникацијата на ЕСЧП се поставува прашањето дали апликантите имале пристап до ефективен правен лек пред националните власти, во рамките на значењето на член 13 од Конвенцијата, каде што се утврдени нивните права гарантирани според член 4 од Протокол 4.

Македонската влада сега мора да поднесе писмен одговор до 18 мај 2017 година. Дополнително, на граѓанските организации и универзитетите им се дозволува да интервенираат со правни забелешки.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.