На 18.10.2016 во Скопје се одржа работна средба на која што се дискутираа предизвиците во процесот на интеграција на бегалците и лицата без државјанство во РМ.
Владимир Ристевски, правник во МЗМП говореше за актуелната ситуација и предизвиците при процесот на натурализацијата на бегалците во Р. Македонија врз основа на законски престој и брак и за правата на децата бегалци и предизвиците во нивната постапката за азил и интеграција во Р. Македонија.
Александра Ефремова, исто така правник во МЗМП зборуваше за ризик од бездржавјанство во РМ и го презентираше видеото за бездржавјанството во РМ, наменето за подигнување на свеста за бездржавјанството. Ефремова понатаму го претстави и Регионалното истражување за бездржавјанството.
Помеѓу присутните имаше претставници на МВР, МТСП, Канцеларијата на Високиот комесаријат при Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), ЈУМЦРС, РИЦ Тетово, ФРМСП, НВО Лил, НВО Амбрела и СОС Детско село. Исто така, присутни беа и лица кои секојдневно се соочуваат со проблеми поради немањето државјанство кои ги раскажаа своите приказни и предизвиците пред кои тие секојдневно се исправаат. За повеќе фотографии, кликнете тука.
[embedyt] http://www.youtube.com/watch?v=C9axGxV5AGc[/embedyt]