Македонското здружение на млади правници, по барање на Секцијата на жени при Македонскиот полициски синдикат, денес одржа обука на тема правната заштита од дискриминација и мобинг во работните односи. Обуката ја спроведоа адвокатките Бисера Митиќ и Софија Бојковска.
Обуката се состоеше од три панели на кои учесничките се запознаа со основните форми на дискриминација и тоа како да ја препознаат, законската уредност и механизмите за заштита од дискриминација. Поподробно беше разгледано прашањето на дискриминацијата поради бременост, раѓање и родителство во работните односи, со осврт на посебните права согласно законот и судската пракса. Посебен панел, кој предизвика квалитена дискусија, беше посветен на мобингот, односно психичкото вознемирување на работното место, видови на мобинг, законската уреденост и заштитата од мобинг.