Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

МЗМП ја одржа првата од шест планирани дебати со млади правници од членството на здружението

Во средата на 31.08.2016, во ГЕМ клубот,  Македонското здружение на млади правници (МЗМП) одржа јавна дебата на тема „Младите правници во Македонија – Помеѓу високите очекувања и реалностa“. Целта на дебатата беше да се отвори дискусија за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат дипломираните правници при започнувањето со кариера во некоја од правничките професии.

Дебатата претставуваше можност за присутните млади правници да разменат мислења, меѓусебно да се советуваат и споделат искуства за правното образование,  стажирањето, правосудниот испит и вработувањето.

Овие дебати се дел од активностите на МЗМП за подобрување на правничката професија на младите правници поддржани од  Civica Mobilitas.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.