Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

МЗМП – Оглас за вработување на определено време

Македонското здружение на млади правници за потребите на спроведување на проектот „Проект на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите“ поддржан од УСАИД од 09.09.2016 година, објавува оглас за позицијата Финансиски администратор.

Работни задачи и одговорности на финансискиот администратор:

  • Менаџирање на финансиското работење за потребите на проектот
  • Следење и примена на интерните и политиките на донаторот за финансиско работење и менаџирање со финансии
  • Одржување и документирање на финансиските документи и финансиското работење на проектот
  • Координација со проектниот тим и/или донаторот за прашања поврзани со финансиското работење
  • Одржување на комуникација со донаторот – одделот задолжен за финансиското работење
  • Вршење на исплати за потребите на проектот
  • Изготвување на квартални и годишни финансиски извештаи
  • Изготвување на квартални финансиски ликвидации
  • Мониторинг и следење на финансиското работење на партнерската организација во согласност со интерните политики и барањата на донаторот
  • Други задачи кои што ќе бидат делегирани од менаџерот на проектот и/или раководните органи на МЗМП

Квалификации:

  • Универзитетско обазование по економија, финансии, менаџмент, администрација и/или општествени науки
  • Работно искуство од најмалку 5 години во администрирање/менаџирање на финансии и финансиско работење
  • Познавање на англиски јазик
  • Работно искуство во организации (локални или меѓународни) ќе се смета за предност
  • Познавање на политиките на УСАИД за финансиско работење ќе се смета за предност

 

Сите заинтересирани се повикуваат да достават CV и мотивационо писмо во електронска форма на contact@myla.org.mk најдоцна до 02.10.2016 година.

Некомплетираните апликации нема да бидат земени во предвид. Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани за интервју. Ве молиме без телефонски јавувања.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.