Правната заштита од дискриминација и мобинг во работните односи – Обука за членовите на ,,Секцијата на жени при Македонскиот полициски синдикат,,

Македонското здружение на млади правници, по барање на Секцијата на жени при Македонскиот полициски синдикат, денес одржа обука на тема правната заштита од дискриминација и мобинг во работните односи. Обуката ја спроведоа адвокатките Бисера Митиќ и Софија Бојковска.

2016-09-30-10-07-00

Обуката се состоеше од три панели на кои учесничките се запознаа со основните форми на дискриминација и тоа како да ја препознаат, законската уредност и механизмите за заштита од дискриминација. Поподробно беше разгледано прашањето на дискриминацијата поради бременост, раѓање и родителство во работните односи, со осврт на посебните права согласно законот и судската пракса. Посебен панел, кој предизвика квалитена дискусија, беше посветен на мобингот, односно психичкото вознемирување на работното место, видови на мобинг, законската уреденост и заштитата од мобинг.