Во средата, на 21.09.2016, Македонското здружение на млади правници одржa конференција на тема “Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес”.
На настанот говореа г-дин Мухамад Ариф, претставник на канцеларијата на УНХЦР во Република Македонија, г-дин Оливер Спасовски, Mинистер за внатрешни работи, Г-дин Дејан Ивковски, раководител на Одделление за азил, миграции и хуманитарна помош при Министерство за труд и социјална политика, М-р Сузана Салиу, директор на Центар за управување со кризи и г-ѓа Соња Божиновска Петрушевска, претставник на канцеларијата на ИОМ во Република Македонија; како и г-ѓа Мартина Смилевска Кчева, претседател на Македонско здружение на млади правници и г-дин Владимир Петронијевич, извршен директор на Група 484, Република Србија.
Темите на кои се говореше беа: справување со миграциските движења во Република Македонија и идни предизвици, меѓународниот одговор во справувањето со миграциските движења во Република Македонија и улогата на граѓанските организации во справувањето со миграциските движења.