Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2015 година во Македонија

Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружението на новинарите на Македонија и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР распишува“Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2015 година во Македонија”.

Поднесените прилози ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари и медиумски експерти од Здружението на новинарите на Македонија, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Скопје. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците и дали содржи карактеристики на професионално известување.

Поднесените прилози треба да припаѓаат во следниве категории:

  • Напис или серија написи
  • Емисија, прилог, краток документарец

Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците, мигрантите, потенцијалните баратели на азил и барателите на азил, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со бегалците.

Доставените прилози ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  • Претставува авторско новинарско истражување остварено и објавено во текот на 2015г.
  • Содржи автентични приказни за животот на бегалците
  • Покажува чуствителност и почит кон бегалците и околностите под кои овие лица ги напуштиле своите домови
  • Избегнува сензационализам, стереотипи и/или поттикнување страв во известувањето и приказ на поединци во негативно светло
  • Избегнува шпекулации и споделување на непроверени информации
  • Да биде на македонски, албански или англиски јазик

Важно :

  • Доставените прилози треба да биле објавени во периодот од 01.01.2015 до 31.12.2015;
  • Право да конкурираат имаат сите новинари, новински агенции/телевизиски куќи и независни продуценти кои објавиле прилог на тема Бегалци при мешаните миграциски движења во 2015 во Македонија;
  • Можат да бидат доставени повеќе прилози од еден подносител;
  • Пишаните написи треба да бидат форматирани и испратени во верзија PDF, додека видео материјалите на CD/DVD, и за истите треба да се наведе кога и каде се објавени;
  • Прилозите во пропишаниот формат потребно е да се испратат по електронска пошта, наcontact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на конкурсот; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул. Златко Шнајдер 4а/1-3, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на конкурсот;
  • Повеќе информации во врска со Конкурсот и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат на тел. 078/961-106 или на адресата smilenkovik@myla.org.mk

На најдобро рангираните ќе им бидат доделени три награди, за секоја од двете категории, во вкупен износ од 240.000 денари, и тоа:

  • прво место 000 денари, второ место 40.000 денарии за трето место 20.000 денари.

Рокот за поднесување на прилог е 5 јуни 2016

Победниците ќе бидат објавени до 15 јуни 2016

 

 

Shoqata Maqedonase e Juristëve të Rinj në bashkëpunim me Komisionerin e Kombeve të Bashkuara për Refugjatë – UNHCR-ja dhe Shoqatën e Gazetarëve të Maqedonisë shpall “Thirrje për aplikime për çmim për raportim profesional mbi situatën e refugjatëve gjatë lëvizjeve të përziera migratore në vitin 2015 në Maqedoni” .

Propozimet duhet t’u takojnë kategorive të mëposhtme:

  • Artikul ose një seri artikujsh
  • Emisione televizive, inserte, dokumentarë të shkurtër

Propozimet do të vlerësohen në bazë të kritereve të mëposhtme:

  • Aplikuesi posedon të drejtat për publikimin e artikulin gjatë vitit 2015
  • Përfshin histori të mirfillta për jetën e refugjatëve
  • Tregon ndjeshmëri dhe respekt për refugjatët dhe për rrethanat në të cilat ata kanë arratisur shtëpitë e tyre
  • Shmangin senzacionalizmin, stereotipet dhe/ose nxisjen e frikës në raportim dhe shfaqjen e individëve në një dritë negative
  • Shmangin spekulimet dhe shpërndarjen e informatave të pakontrolluara
  • Janë në gjuhët maqedonase, shqip ose anglisht

Për më shumë informacione në lidhje me procesin e aplikimit dhe afatet ju lutemi konsultoni faqen e internetit të Shoqatës Maqedonase së Juristëve të Rinj, www.myla.org.mk

Afati i fundit për pranim të aplikimeve është 05 Qershor 2016.

Fituesit do të shpallen deri më 15 Qershor 2016.