Невладините организации строго ги осудувааат новите политики на ЕУ да ја запрат миграцијата

Заедничка изјава во пресрет на Европскиот совет на 28-29 јуни 2016

Повеќе од 100 невладини организации предупредуваат дека со одговорот за миграциите на Европската Унија и нејзините земји членки, тие преземаат ризик од понатамошно намалување на сопствениот кредибилитет и авторитет кога станува збор за одбрана на човековите права.

Организациите ја критикуваат Европската Унија во однос на префрлањето кон надворешните политики кои служат за единствена цел, а тоа е намалување на миграцијата. Тие ги повикуваат европските лидери да го одбијат неодамнешниот предлог на Европската комисија кој би го зацврстил овој пристап, насочувајќи ги кон основната цел на ЕУ во односите со трети земји.

Презентираниот план од страна на Европската комисија на почетокот на јули предлага употреба на помош, размена и други средства со цел да се охрабрат земјите да се намали бројот на емигрантите кои пристигнуваат на брегот на ЕУ. Шефовите на европските држави и влади ќе го разгледаат ова на Самитот на ЕУ во Брисел на 28 и 29 Јуни. Ова епоттикнато од договорот на ЕУ со Турција, кој што остави илјадници луѓе заглавени во Грција во нечовечки и понижувачки услови.