МЗМП: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2015 ГОДИНА

Со годишниот наративен извештај Македонското здружение на млади правници овозможува увид во работењето на организацијата. Извештајот дава преглед на тековните проекти на МЗМП за 2015 година, од кои дел се спроведуваат повеќе години. Во извештајот ќе бидат вклучени постигнатите резултати од деветте проекти кое здружението ги имплементираше во текот на 2015 година.

  1. Проект „ПравнапомошизастапувањеналицаодинтереснаУНХЦР“

МЗМП и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации (УНХЦР) започнаа соработка во октомври 2010 со цел обезбедување на правна помош за бегалци, лица под супсидијарна заштита, баратели на азил како и други лица од интерес на УНХЦР. Сите активности кои се преземаат од страна на МЗМП се насочени кон зајакнување и подобрување на квалитетот на постоечките стандарди на правното застапување во националната пракса за азил, унапредување на човековите права, како и зајакнување на принципот на владеење на правото во Република Македонија. Една од целите на проектот е активен придонес во воспоставување на позитивни практики и трендови во земјата во однос на државната политика кон мешаните миграциски движења и лица од интерес на УНХЦР. Приоритети на проектот за 2015 година беа:

– Застапување со цел за подобрување на квалитетот на националнот систем за азил, во поглед на признавањето на право на азил, пристап до социјални и економски права

– Пронаоѓање на трајни решенија за лицата кои се подолг период со статус на бегалец (доброволно враќање и локална интеграција).

Во 2015 година, МЗМП продолжи да обезбедува правни совети, помош и застапување на барателите на азил, бегалците, лицата под супсидијарна заштита, како и други лица од интерес на УНХЦР во сите фази на постапката за азил од своите канцеларии во oпштина Шуто Оризари и во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово. Во рамките на проектот МЗМП продолжи да соработува со Секторот за азил, Одделението за странци и реадмисија, Одделението за државјанство и Граничната полиција, сите во рамките на Министерството за внатрешни работи, Управниот и Вишиот управен суд, Министерството за труд и социјална политика, Прифатниот центар за баратели на азил, Центрите за социјална работа, Центарот за интеграција на бегалци и странци, Агенцијата за вработување, Управата за раководните државни регистарот рекорди во рамките на Министерството за правда, како и други институции. Во текот на 2015 во рамките на овој проект е дадена правна помош и советување на 3443 лица од интерес на УНХЦР (1457 бегалциодКосово и 1896 новибарателинаазил).

Во 2015 година поголемиот дел од барателите на азил потекнуваа од Сирија (1.023) како резултат на конфликтот, и бидејќи крајната дестинација на повеќето од бегалците е Европа, Република Македонија е една од транзит земјите долж западно Балканската рута. Од сите регистрирани барања за азил, 175 се поднесени на Граничен премин, 304 во полициска станица и 1,417 во Прифатниот центар за странци “Гази Баба”.

Со цел да се тестира и да се следи примената на Законот за бесплатна правна помош, во 2015 година се поднесени 27 барања за бесплатна правна помош за барателите на азил сместени во Прифатниот центар во Визбегово. Од поднесените барања 18 беа запрени со заклучоци поради тоа што барателот на азил ја напуштил земјата.

Во јуни 2015 година по итна постапка беше изменет Законот за азил и привремена заштита (ЗАПС), и беше воведена „намерата за поднесување барање за признавање на право на азил“, со што се овозможи барателите на азил да поднесат барање за азил во рок од 72 часа од извршената регистрација. На почетокот на јуни 2015 година, просечниот дневен број на бегалци кои пристигнуваа во Гевгелија варираше помеѓу 300 – 500 лица. Секој ден се зголемуваше дневниот просек достигнувајќи го својот максимум на 09 ноември кога во Транзитниот Центар “Винојуг”, пристигнаа 1072 бегалци. Од 19-ти јуни 2015 година до 31 декември 2015, според статистичките податоци на МВР, биле издадени 388,233 намери за поднесување на барање на азил.

Од воведувањето на новите измени на ЗАПЗ, МЗМП го започна своето редовно присуство во Гевгелија, со цел правна помош и советување на бегалците кои пристигнуваат во РМ и помош при регистрирацијата на бегалците, по барање на граничната полиција. Со отворањето на Транзитниот центар Винојуг, тимот на МЗМП се прошири за 40 нови членови, од кои 8 се теренски правници, 22 соработници за внес на податоци и 10 преведувачи од арапски и фарси. Соработниците за внес на податоци соработуваат со граничната полиција и помагаат во издавањето на намери за поднесување на барање за азил. Теренските правници со помош на преведувачите, даваат бесплатна правна помош на бегалците кои пристигнуваат во РМ. Исто така, МЗМП им помага на ранливите категории на бегалци, како непридружуваните малолетници, бремените жени, старите и болните лица да им биде даден приоритет во регистрацијата и транспортот. Покрај 24 часовното присуство на тимот на МЗМП на терен, бегалците имаат можност да добијат правен совет и преку бесплатна телефонска линија. Исто така, повеќе од 3.000 промотивни материјали на англиски, арапски и француски јазик се распоредени на главните железнички станици и точките каде што минуваат бегалците. Иницијативата наречена “Антена адвокати”, преку којa МЗМП е во можност да ги следи случувањата во градовите каде се забележани најголем број миграциски движења (Гевгелија, Битола, Кавадарци, Делчево, Куманово и Велес), придонесува кон подобар пристап до територија и постапката за азил. Правниците на МЗМП преку секојдневно присуство во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово обезбедуваат навремени информации во врска со правата на барателите на азил за време на нивната постапка во РМ.

МЗМП во текот на 2015 година обезбеди бесплатна правна помош на 1258 бегалци, лица под супсидијарна заштита и други лица од интерес на УНХЦР, овозможувајќи ефикасната примена на основните и социјално-економските права и пристапот до документацијата на овие лица согласно важечките закони во РМ и меѓународните акти за човековите права.

Постојат 488 лица во Република Македонија кои го уживаат правото на супсидијарна заштита, 19 се лица со статус на бегалци, главно Роми кои доаѓаат од Косово и живеат во земјата од 1999 година. МЗМП смета дека со нивно активно учество во македонското општество повеќе од петнаесет години, тие имаат воспоставено ефективна врска со оваа земја, со што имаат ефективно право на прием во државјанство на РМ. Во 2015 година беа поднесени барања за прием во државјанство за вкупно 54 лица, додека по предходно поднесени барања, во 2015 година вкупно 19 лица се стекнаа со македонско државјанство.

Во 2015 правниците на МЗМП застапувва 46 случаи пред националните судови, од кои 34 тужби беа поднесени до Управниот суд и 12 жалби до Вишиот Управен суд на РМ. Во предметите во врска со одбиена социјална помош, беа поднесени 6 тужби до Управниот суд и во однос со правото на стекнување на државјанство 2 тужби до Управниот и 4 жалби до Вишиот Управен суд. Овие активности се со цел да се поддржи владеењето на правото во земјата и да се постигне поголема рамнотежа во заштитата на правата на овие групи на лица, како и развој на ефективен и ефикасен систем за азил во земјата. Со цел да се зголеми процесот на интеграција на лицата од интерес на овој проект, 1457 лица добија различни видови на правни услуги.

Во 2015 година, 82 лица добија поддршка за доброволно и безбедно да се вратат во Косово и УНХЦР Скопје продолжи да ја олеснува доброволната репатријација на лицата од Косово, иако овие бројки претставуваат намалување на интересот за враќање, во споредба со последните две години од работењето. Се очекува дека интересот за доброволно враќање ќе се зголеми со оглед на одобрениот проект од ЕУ за реконструкција на домовите во Косово на повратниците од Македонија и Црна Гора. УНХЦР ќе продолжи да соработува со сите релевантни актери за да се олесни доброволната репатријација.

Работата на Групата за стратешко застапување на предмети од областа на азилот во 2015 година се фокусираше главно на подготвување и доставување на пет апликации пред ЕСЧП, како и подготвување на три правни мислења на одредени правни прашања од областа на азилиот и миграциите, што имаше уште еден значаен придонес кон остварување на поставените проектни цели.

Со цел поблиска соработка и ставање на поголем акцент во медиумите на бегалската криза, како и подигнување на свеста во врска со ситуацијата на бегалците и други засегнати групи во рамките на миграциските движења во земјата, МЗМП потпиша Меморандум за соработка со Здружението на новинари на Македонија на почетокот на март 2015 година. По објавување на „Јавен повик за доделување на награда за истражувачко новинарсто во областа на азилот и мешаните миграциски движења за 2014 година во Македонија“ беа доделени три награди. Како резултат на тоа, по повод Светскиот ден на бегалците – 20 јуни, МЗМП, со поддршка на Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, а во соработка со ЗНМ организираше церемонија на доделување награди.

Во рамките на проектот, во 2015 година, МЗМП учествуваше на повеќе средби со различни актери, невладини организации, амбасади и експерти, меѓу кои најважни состаноци беа одржани со претставници на Бирото за УНХЦР за Европа, ИОМ, Jesuit Refugee Service, Лекари без граници, Human Rights Watch, Amnesty International [1], ОКСФАМ, Фондацијата отворено општество, Норвешка Амбасада и Амбасадата на Кралството на Холандија, Ла Страда, НВО Солидарност, НВО Легис, НВО Нун итн. Темите за дискусија обично се фокусираа на актуелната бегалска криза и заштита на ранливите категории на лица во земјата. Ставот на МЗМП во однос на новите измени на ЗАПЗ беа презентирани на јавната дебата: Азил и Европската легислатива? на 19-та седница на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, одржана на 22 јуни 2015. Ставовите беа сумирани во документ за дискусија и ќе бидат доставени до Собранието на РМ, Министерството за внатрешни работи и сите релевантни чинители.

  1. Проект „Превенција и намалување на бездржавјанство на УНХЦР“

Во Април 2011 година, МЗМП ја започна соработката со Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, во насока на превенција и намалување на лицата без државјанство и зајакнување на принципот на владеење на правото во државата, а во согласност со Конвенцијата за статусот на лицата без државјанство. Овој проект се стреми да го зголеми ефективниот пристап до вработување, социјално осигурување и образование и други основни права и услуги на сите маргинализирани групи во Република Македонија. За да се остварат овие цели, потребно е да се зајакне и подобри квалитетот на правното застапување на национално ниво за превенција и намалување на лицата без државјанство како и принципот на владеење на правото во државата. Овие цели се во духот на Конвенцијата за статусот на лицата без државјанство од 1954 година и на глобалните напори на УНХЦР во насока на искоренување на состојбата на лица без државјанство во наредната декада. Целта е да се зголемат можностите на лицата чии лични имиња никогаш не биле запишани во регистрите на раѓање (оттука недостасува правниот идентитет и ефективното право на државјанство) за пристап до ефективна и квалитетна правна помош, како и индивидуалната помош за стекнување и/или потврдување на националноста на луѓето на кои им недостига ефективно право на државјанство: долгорочно вообичаено живеалиште на кое негативно влијаело распаѓањето на поранешната Социјалистичка Федерална Република Југославија (СФРЈ). На ниво на политики, проектот се стреми кон решавање и залагање на ситуацијата на лица без државјанство преку активна соработка со националните власти и УНХЦР.

Лицата од интерес за оваа соработка се секојдневно контактирани во канцеларијата на МЗМП. Откако се идентификувани, на припадниците на маргинализираните групи, поточно на Ромите, им се помага да го регистрираат своето лично име, да аплицираат за државјанство и/или да ја регулираат дозволата за престој на странец и граѓански статус за да им бидат издадени соодветни лични и идентификациони документи. МЗМП започнува правни постапки во случај на одбивање на пристап до услуги и уживање на граѓански, економски и социјални права. Во 2015 година, меѓу-секторската работна група задолжена за координација во имплементацијата на Планот за акција за идентификација на лицата со нерегулирано лично име, оддржа 4 средби, поврзани со „информации за преземените активности и предложени мерки потребни за да се надмине проблемот на лицата кои не се регистрирани во регистарот на раѓање преку Акциониот план“ [2] . Заклучоците на работните состаноци ја отворија можноста на предлагање амандмани на Законот за матична евиденција и на Законот за семејството. Ова ќе ја отвори вратата за практична имплементација на Заклучоците на ко-претседавачите со Регионалната Конференција за пристап до граѓанска регистрација и документација во Југоисточна Европа: Прогрес и останати предизвици кои настанале по Загребската Декларација од 2011, како и на EXCOM Заклучоците за граѓанска регистрација преку законски измени. МЗМП ги зголеми капацитетите на МТСП преку воспоставување на соработка со три национални невладини организации за Ромите, од кои две од нив во текот на 2015 година дејствувале како Информациони центри за Ромите во Кичево и Скопје.

Во 2015 година, МЗМП продолжи да се залага властите флексибилно да ги толкуваат и применуваат законските услови не само за стекнување на државјанство туку и за граѓанска регистрација, издавање на дозволи за престој на странци и лични документи, исклучување на плаќање на административни такси поврзани со овие процедури, преку организирање на состаноци со Владата и учество во меѓу-секторските работни групи. МЗМП се залага и за пристапување кон меѓународни инструменти и зајакнување на имплементацијата на веќе постојните регионални инструменти. Меѓутоа, државата сеуште не пристапила кон Конвенцијата за намалување на бројот на лица без државјанство од 1961 година.

За да може да се зајакне законската рамка и развојната политика, МЗМП продолжи да биде дел од групата составена од претставници на УНХЦР, МЗМП, Секторот за државјанство и Секторот за странци во состав МВР, Секторот за водење на регистри во состав МВР, Фондот за здравствено осигурување и МТСП чија главна намена беше да се намали ризикот за случаи на лица без државјанство. Со поддршка од УНХЦР, МЗМП продолжи да ја користи оваа група во насока да се залага за флексибилна интерпретација и евентуални измени на законите и практиката во случаите за граѓанска регистрација и стекнување на државјанство, како и воспоставување на процедура за посебен статус на лицата без државјанство. Поточно, МЗМП спроведе 15 состаноци со националните власти – 3 состаноци со Секторот за државјанство во состав на МВР за залагање кон имплементација на членот 6 од Законот за државјанство на Република Македонија (во случаите каде дете е родено на територија на државата, а неговите родители се лица без државјанство); 5 состаноци со Секторот за водење на Матичната книга на раѓање во состав на МВР при што темата на еден состанок се однесувала на Одлуката на Министерот за правда за дополнително запишување на личното име без присуство на мајката во процедурата [3] , два состаноци во насока на заедничката работа на МЗМП и Секторот околу нови амандмани и промени на Законот за општа управна постапка и еден состанок во насока на случаите кои се се уште во фаза на чекање во Секторот; 4 состаноци со МТСП кои се однесувале на Акциониот план за дополнително запишување на личното име и 3 состаноци со Секторот за странци во состав на МВР. Дополнително, МЗМП заедно со Канцеларијата на УНХЦР во Скопје даваа поддршка и го кофинансираа проектот на претставниците на регистрите на раѓање, насловен како „Импликацијата на амандманите на Законот за општа управна постапка и на Законот за државни службеници врз работата на службите за матична евиденција“. Со цел да се поддржи капацитетот и натамошното зајакнување на учеството на државните институции во идентификацијата на лицата кои се под опасност да останат без државјанство, како и да се подобри идентификацијата, во 2015 година МЗМП продолжи да ја води и подобрува базата на случаи на МТСП, ја зголеми работата на терен преку проширување на мрежата на активности со партнерските невладини организации и спроведе на обуки за работното место за Центрите за информирање на Ромите. Во овој период откриени се 46 нови лица со ризик да останат без државјанство и спроведени се 14 посети на Центрите за информирање на РомитеМеморандумот за соработка со СОС Детското село беше обновен за да се постигне визијата за градење на коалиција меѓу невладините организации и општествените фактори од областа на правата на децата, околу проблемот за регистрација на раѓањето, со што се обезбедува регистрирање на раѓањето за да се превенира состојба без државјанство и постигнување на подобра имплементација на Акцијата 7 од Глобалниот Акционен план за спречување на состојбата на лица без државјанство 2014-2024 [4] .

За да се оствари зајакнување на граѓанската регистрација и документацијата на граѓанскиот статус, како и постигнување поголем степен на намалување на лицата без државјанство, МЗМП продолжи да обезбедува правна помош за лица со нерегулирано државјанство и неодредена националност. До 31 декември 2015 година, МЗМП успешно реши и затвори случаи за 109 лица од ризик да останат без државјанство. Од 1ви септември 2015 година, МЗМП спроведе тримесечна активност за набљудување на сите случаи со цел да се направи подобра класификација и идентификација на лицата кои се уште се соочуваат со проблеми. Во склоп на оваа акција се направени 27 теренски посети на 200 лица од интерес на УНХЦР.

Во 2015 година, МЗМП во соработка со партнерските организации го спроведе првото регионално истражување за состојбата на лица без државјанство кое се однесувше на проблемот на постоење на лица без државјанство во сите држави од Западен Балкан. Во поглед на идната соработка во оваа сфера меѓу невладините организации, МЗМП беше вклучено во два состанока во Приштина и Сараево, каде членките имаа можност да расправаат за активностите кои се преземаат, законската рамка за бесплатната правна помош во регионот на Западен Балкан и нејзината применливост, како и нови можности за да се прошири опсегот на работа на оваа мрежа на невладини организации и да се донесат заклучоци и препораки. МЗМП беше вклучено во процесот на прибирање на документи неопходни за стекнување на дозвола за престој на странци и на државјанство и успеало да добие 49 различни лични документи за неговите корисници од нивните регионални партнери.

Како активен член на Европската мрежа за лица без државјанство, МЗМП активно ја поддржа кампањата за заштита на децата без државјанство во Европа преку спроведување на истражување на животот на овие деца во Македонија [5] и зема учество во регионалната конференција во Будимпешта одржана во периодот од 1 до 3 јуни 2015 година заедно со ENS AGC со намера да се обезбеди платформа за размена на нови истражувања во однос на овие случаи и влијанието на состојбата на бездржавјанството во Европа, како и во форумот за размена на знаења од областа на закони, политики и програмски интервенции кои можат да помогнат во реализирањето на правото на националност на децата. Како активен член на ENS кампањата, МЗМП спроведе проект за обраќање до училиштата кој вклучи кратки презентации во средното училиште Васил Антевски Дрен. Активностите беа насочени кон тоа учениците да размислуваат за поделбите на „нас“ и „нив“, и за тоа како овие поделби можат да придонесат кон креирањето на состојба на лица без државјанство

 

  1. Проект на УСАИД за заштита на човековите права

 

Проектот е програма со времетраење од три години и започна со спроведување во септември 2014 година. Целта на проектот е да придонесе кон унапредување на заштитата и промоцијата на човековите права и демократските вредности во Република Македонија преку правна едукација, стратешко застапување и зајакнување на правните професионалци и граѓански организации. Главни компоненти на проектот сеподобрена правна едукација во областа на човековите и подобрена заштита на човековите права. Првата ќе се оствари преку организирање на основни и напредни обуки од областа на човековите права за младите правни професионалци сѐ со цел подобрување на нивните познавања за промоција и заштита на човековите права. Втората компонента, пак, ќе обезбеди бесплатна правна помош за жртви на повреди на човекови права како и правно застапување пред домашни и меѓународни судови. Во рамките на проектните активности, предвидена е и изработка на анализа на состојбата во однос на почитувањето и заштитата на човековите права и презентација на истата во јавноста.

Со цел зајакнување на улогата на граѓанските организации во промовирањето и заштитата на човековите права, проектот ќе воспостави соработка на граѓанските организации. Проектот поддржува и воспоставување на коалиција помеѓу граѓанските организации и адвокатите кои се активни во областа на заштита на човековите права кои заеднички ќе спроведуваат образовни кампањи и активности за подигнување на јавната свест.

Во текот на 2015 година спроведени се 2 (две) напредни обуки за обучувачи за човекови права при што се обучени вкупно 35 адвокати и правници како обучувачи. Поединци од групата обучени адвокати и правници беа ангажирани да го споделат совието искуство и знаење во основни и напредни обуки за заштита на човековите права кои што беа организирани за учесниците во програмата за практикантска работа. За обучувачите е изработен прирачник за адвокати и правници како корисна алатка кои што ги сублимира сите предавања од обуките за обучувачи кој што понатаму ќе им послужи при едеукација на младите правници.

МЗМП за потребите на програмата за практикантска работа воспостави соработка со правосудни институции и адвокатски канцеларии во 8 градови коишто се вклучени во програмата за практикантска работа. Соработката е воспоставена со Управниот суд на РМ, Основните судови во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Гостивар и Струга, со Канцелариите на народниот правобранител во Скопје, Кичево, Струмица, Тетово, Гостивар, Штип и Битола како и со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Исто така МЗМП воспостави соработка со 8 адвокатски канцеларии од Скопје каде што се спроведува програмата за практиканска работа и со 6 правни факултети во Република Македонија со цел споделување на информации со студенти за програмата за практикантска работа.

Во 2015 спроведени се вкупно 4 циклуса од програмата за практикантска работа во институциите и адвокатските канцеларии кои што се дел од програмата за практикантска работа на која што беа вклучени вкупно 118 практиканти кои обавуваа пракса во времетраење од 2 месеца во некоја од наведените институции или адвокатски канцеларии. Во Скопје беа вклучени 49 практиканти, во Битола 29, во Штип 21, во Тетово 9, во Гостивар 4, во Струга 6, во Кичево 3 и во Струмица 1 практиткант.

Паралелно со програмата за практикантска работа, во 2015 година беа одржани вкупно 4 основни и 4 напредни обуки за практикантите кои што беа дел од програмата за практикантска работа на тема човекови права и слободи. На сите практиканти им беше доделен сертификат за успешно завршување на програмата за практикантска работа и учество на обуките поврзано со зачтота на човековите права.

Како дел од обуките за правници од области поврзани со човековите права, изработен е вебинар каде што се прикачени аудио предавања од обучувачите од областа на правото и човековите права. Вебинарот има за цел да ги зголеми капацитетите на младите правници и да се сподели искуството и знаењето во определена област со младите правници. Вебинарот е во завршна фаза и се очекува нејзина промоција во наредниот период.

  1. Проект„Заштита на човековите права на маргинализирани групи во Република Македонија“ ( Роми , лица со телесна и ментална попреченост и ЛГБТИ)

Проектот започна со спроведување во октомври 2014 година и траеше до декември 2015 година, со поддршка на Фондацијата отворено општество Будимпешта. ФОО Будимпешта го поддржува здружението во борбата против дискриминација и заштита на човековите права од 2012 година. Главните цели на проектот беа континуиран придонес кон развојот на општество без дискриминација каде секој човек добива еднаков третман и може да ги ужива уставно гарантираните права; подигање на свеста на граѓаните за штетните последици од дискриминацијата, со посебен фокус на три маргинилизирани групи (Роми, лица со телесна и ментална попреченост и припадници на ЛГБТИ заедницата), како и поттикнување на подобра и поефикасна соработка на граѓанскиот сектор во промоција на анти – дискриминаторските политики. Другата цел беше развивање на судската пракса во областа на дискриминацијата пред домашните судови преку стратешкото застапување и водење на постапки согласно Уставот, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Европската конвенција за заштита на човековите права.

Од отпочнување со проектот и во текот на 2015 година беа спроведени следните активности:

– Поведени се 7 (седум) судски постапки против дејствија на дискриминација кон маргинализираните групи, во рамки на спроведување на активноста за стратешко застапување. Четири од постапките се за заштита на правото на слобода на движење и расна профилација на лица од ромска национална припадност. Една постапка е поведена за заштита на правото на образование на лице со попреченост, една за заштита на правата на лице припадник на ЛГБТИ заедницата поради нееднаков третман при обезбедување на документи за лична идентификација. Последната постапка се однесува на заштита на правото од работен однос на бремена жена, која иако не е дел од трите фокус групи, предметот е преземен поради зголемениот број на пријави од страна на бремени жени на кои им бил прекинат договорот за вработување по соопштување на состојбата. На ниво на целата организација се оцени дека е релевантно стратешкото застапување на предмети каде може да се утврди дискриминација по основ на бременост.

– Во рамките на проектот за обезбедување на правни совети и застапување во судски предмети беа ангажирани 7 адвокати кои се дел од тимот на МЗМП и се обучени за застапување на предмети од областа на дискриминацијата. Во текот на целиот проект беа обезбедени 40 правни совети.

– Беше отворена зелена бесплатна телефонска линија на која се примени 138 повици;

– Се воспостави и зајакна соработката со повеќе невладини организации кои работат во областа на анти-дискриминацијата. Продолжена е добрата соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител. Проектниот тим како носител на активностите насочени против дискриминацијата даде свој придонес кон Националната стратегија за дискриминација која ја подготвува Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Ораганизни беа две обуки, една основна и една напредна обука на тема дискриминација. Основната обука беше со фокус на стратешкото застапување и судската пракса во Република Македонија, додека пак, напредната обука ја опфати праксата на Европскиот суд за човековите права. На обуките присуствуваа претставници од повеќе невладини организации на ниво на Република Македонија кои работат во областа на анти – дискриминацијата при што беа разменети искуства и иницирана натамошна соработка. Како дополнителна активност беше организирана средба со ромските организации со кои соработува здружението заедно со Ромските информативни центри како дел од Министерството за труд и социјална политика, каде тема на разговор беа проблемите со кои се соочува ромската заедница. Беа дискутирани неколку прашања како домување, социјална заштита, здравство, образование, вработување и бездржавјанство и дискриминација врз основа на етничка припадност. Присутните развија плодна дискусија околу наведените прашања и беше договорено да се одржи уште една ваква средба на која ќе се заземат конкретни ставови и ќе се преземат активности за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија.

– Во рамки на проектот беше изработена Анализа на случаи од стратешко застапување која ги опфати предметите кои беа преземени и притоа посветивнимание на контекстот, релевантната правна регулатива, правните средства и конкретната домашна и меѓународна судска пракса која се однесува на прашањата опфатени со предметите. Анализата ќе биде издадена на почетокот на 2016 година.

Во текот на 2015 година МЗМП доби уште два судски случаи за заштита од дискриминација на лице припадник на ромската националност и неговото право на слобода на движење, како и случај за заштита на права од работен однос и виктимизација.

  1. Проект “Tри права за граѓаните : пристап до информации, совети и активна помош 

Проектот е поддржан од страна на Европската Унија и има за цел да помогне за ширење на концептот на „советување на граѓаните“ на Западниот Балкан и Турција, со што ќе се зајакне улогата на граѓанското општество кое преку давање глас на граѓаните, ќе учествува во повикување на владите на одговорност. Преку подобрување на комуникацијата со граѓаните, проектот истовремено ќе ја зајакне и улогата на граѓанското општество. Преку прибирање на жалбите и податоците кои ги добиваат организациите што работат со обезбедување на информации и правни совети, ќе можат да влијаат врз јавните политики на владите и основните реформи, како и на имплементацијата на истите. Исто така ќе бидат започнати 6 нови помали пилот проекти во Црна Гора, Македонија и Албанија, се со цел да се даде на важност на оние организации кои работат со обезбедување на услуги и совети за нивните корисници.

Проектот се спроведува во неколку земји заедно со European Citizen Service Action (ECAS), а во Македонија е спроведен од страна на Македонското здружение на млади правници. Проектот започна со својата имплементација од март 2015 година и веќе беше направено истражување чија цел беше лоцирање на даватели на информации, совети и сервиси за помош на граѓаните во Македонија. Врз основа на ова истражување и резултатите од истото ќе биде изработена национална стратегија чија цел, пак, ќе биде идентификување на можноста за воспоставување на национална мрежа за советување на граѓаните.

Во рамки на проектот покрај истражувањето беа спроведени уште неколку активности. Во август 2015 беше објавен повик за избор на два пилот проекти од Македонија кои ќе работат заедно со останатите организации на проектот Triple A, во создавање услови за воспоставување на подобар систем за обезбедување на информации, правна помош и застапување. Дополнително, беше создадена дата база на организации на териториите на земјите од Западниот Балкан и Турција кои обезбедуваат услуги спрема своите корисници во вид на информации, правна помош и застапување: http://tripleacitizens.eu/regional-service-provider/ .

На крајот од ноември 2015 беше организирана и првата конференција во Приштина, Косово, каде учество земаа сите организации вклучени во овој проект. Главен акцент беше ставен на промовирање на проектот и негово афирмирање пред донаторите., Конференцијата беше одлична можност за споделување на искуствата со обезбедување на информации, правна помош и застапување меѓу присутните, како и развивање на плодна дискусија за подобрување на системот преку кој тие се обезбедуваат, на териториите на земјите кои се вклучени во овој проект.

Повеќе информации за проектот и активностите на организациите кои се дел од него може да се најдат на следната на web страна http://tripleacitizens.eu/

  1. Проект “Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес ” – нов проект на Македонското здружение на млади правници

Со поддршка на Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, МЗМП во месец август 2015 година, започна со имплеметација на проектот „Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес – кон ефективна миграциона политика“.

Проектот претставува дополнување на веќе постоечките активности на МЗМП во областа на азилот и миграциите и треба да придонесе кон подобрување на капацитетите на сите засегнати страни кои се вклучени во процесот на справување со предизвиците од ирегуларната миграција.

Како дел од активностите на проектот е предвидена изработка на анализа на миграционата политика во Република Македонија која ќе претставува прв документ на оваа тема во државата. Имајќи предвид дека се поголем број на лица (ирегуларни мигранти) транзитираат или престојуваат во Република Македонија, МЗМП ќе спроведе повеќе обуки за 20 правници/адвокати за користење на правни механизми за застапување и заштита на овие лица пред домашните и меѓународните институции. Во декември 2015 се одржа првата обука на која предавач беше професор Трпе Стојановски.

Со цел подобрување на информираноста на локалните заедници во транзитните региони за феноменот на ирегуларна миграција, МЗМП спроведе јавни презентации во соработка со локалните власти. Првата презентација се одржа во Гевгелија на која присуствуваа повеќе од 30 учесници.

Следејќи ја праксата во земјите членки на Европската Унија каде што се поголем број на земји се одлучуваат да спроведуваат присилни враќања на лица кои што веќе немаат никаков правен основ за престој во некоја земја, МЗМП покренува иницијатива за отворање на дебата за предизивиците од имплеметацијата на Директивата за враќање на ЕУ (EU return directive) каде што меѓународни експерти ќе ги пренестат своите искуства на претставниците на МЗМП и на МВР.

Како финална активност од овој проект МЗМП ќе ја организира првата национална конференција на тема “Предизвици од ирегуларната миграција” каде што претставници на државните институциите, заедно со претставници на граѓанските и меѓународните организации во Република Македонија ќе споделат искуства на темата.

 

  1. Проект „Дискриминација на граничните премини“

 

Проектот започна во декември 2015 година, со поддршка на Европскиот центар за правата на Ромите (ЕРРЦ) Будимпешта. Целта на проектот беше стратешко застапување на веќе идентификувани и документирани случаи на дискриминирани лица од ромска националност, на кои не им било дозволено да јa напуштат државата. Проектот е насочен кон заштита на едно од основните човекови права, правото на слобода на движење и стратешки пристап кон системската дискриминација во Република Македонија кон Ромите, со ограничување на ова право по основ на нивната етничка припадност.

МЗПМ во консултации со ЕРРЦ ја подготви конечната листа на странки за кои беа поведени судски постапки согласно претходно договорена стратегија. Здружението обезбеди адвокати кои се должни да ги застапуваат лицата пред надлежните судови во Република Македонија и по завршување на времетраењето на проектот. Адвокатите заедно со тимот на МЗМП беа должни да ги употребат расположливите правни средства за кои сметаат дека се целисходни. Беа поведени 14 постапки за дискриминација и повреда на правото на слобода на движење пред повеќе основни/редовни судови во државата во кои се застапуваат 30 лица -припадници на ромската етничка заедница. По секоја одлука во постапката од страна на МЗМП беа подготвени писмени совети и мислења и ЕРРЦ е известено за секоја фаза од постапката. По исцрпување на сите правни лекови во Република Македонија, за секој поединечен случај МЗМП ќе обезбеди правно мислење дали е потребно да се подготви жалба до Европскиот суд за човекови права и заедно со адвокатите и ЕРРЦ ќе учествува во подготовката на апликацијата до судот во Стразбур.

Иницирањето на постапките заврши во месец јуни2015 година, меѓутоа МЗМП и адвокатите кои се ангажирани во постапките продолжуваат со континуирана работа на случаите и соработка со ЕРРЦ.

  1. Проект „Подобрување на заштитата на правата и услугите на мигрантите и барателите на азил во Р.Македонија“

 

Македонското здружение на млади правници во периодот од септември 2015 до јуни 2016 година започна со спроведување на проектни активности на проектот „Подобрување на заштитата на правата и услугите на мигрантите и барателите на азил во Р.Македонија“ кој претставува дел од пошироката иницијатива поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Главна цел на иницијативата е да се придонесе кон подобрување на заштита на правата и услугите кои се нудат на овие лица, преку зајакнување на системот на бесплатна правна помош. Иницијативата во својата суштина поддржува обезбедување на хуманитарна и правна помош на мигрантите и барателите на азил, развој на стратегија за општествено-социјално подобрување на тековни политики и практики кои влијаат врз статусот, правата и положбата на мигрантите и барателите на азил, како и подигнување на капацитетите на државниот систем за бесплатна правна помош.

МЗМП како организација која професионално работи во областа на азилот од 2010 година, својата експертиза ќе ја искористи за исполнување на неколку очекувани резултати, особено: овозможување и олеснување на пристап до институции и информации на овие целни групи, детектирање на законски правни празнини и креирање на предлози за нивно надминување, градење на капацитети на државниот систем за бесплатна правна помош и на граѓанскиот сектор во РМ. За да се постигнат овие резултати, како главни активности кои се издвојуваат во оваа насока се: преземање активности за набљудување и испитување на моментална ситуација на институционално ниво; изработка на анализа за примена на Законот за бесплатна правна помош во постапката за азил; изработка на документ за јавна политика за охрабрување на државните институции да преземат водечка улога во овозможување на пристап до бесплатна правна помош со оглед на евентуалниот зголемен број на баратели на азил; јавна дебата по однос на изработената анализа и организирање на обуки за јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор.

Во дотогашниот три месечен период на спроведување на проектот, беше започнато со проектните активности. Беше изработена Методологија за изработување на анализа, која ги уредува истражувачките прашања кои ќе бидат елаборирани во анализата на крајот на проектниот период. За целите на анализата беа поднесени 28 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до сите релевантни институции кои можат да обезбедат информации за функционалноста, ефективнста и употребливоста на правото на бесплатна правна помош во постапка за признавање право на азил. По добивање на информациите, беа поднесени 8 жалби до Комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер против 8 добиени одговори од имателите на информациите, и дополнителни 2 барања за добивање на дополнителни информации беа поднесени. Исто така, во рамки на овој проект, четири билтени за јавно информирање се предвидени како една од проектните активности. Пвиот билтен е изработен во ноември 2015 и истиот имаше информативен карактер кој содржеше информации во врска со настаните и развојот на системот за азил и системот за бесплатна правна помош, како и генерални информации за заштитата на правата на барателите на азил, бегалците и мигрантите во земјата. Овој проект во себе инкорпорира и компонента за набљудување на примената на Законот за бесплатна правна помош во постапката за остварување на правото на азил. За овие цели е предвидено поднесување на барања за бесплатна правна помош пред Министерството за правда на РМ. Поврзано со оваа активност, е споредна активност која се состоеше од спроведување на работни посети во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово. Главната цел на работните посети беше обезбедување на општи информации за правото на бесплатна правна помош во постапката за азил и овозможување на правна помош во комплетирање на барање за бесплатна правна помош.

Дополнително, во рамки на проектото а под организација на Фондација отворено општество Македонија, МЗМП зема учество на јавната дебата како дел од вечерната програма на транснационалното движење #stateofsolidarity. Дебатата имаше за цел да го одбележи Интернационалниот ден на мигрантите работници и членовите на нивните семејства. Темата на дебатата беше правни и човечки аспекти на темната страна на Балканска рута, каде како говорници беа и правници на МЗМП, освен останатите партнерски организации на проектот.

Овој проект се уште трае и во наредниот период на негова имплементација ќе бидат спроведени останатите предвидени активности.

 

  1. Проект: „Кон заштита на непридружувани и разделени деца мигранти“ регионален проект на Србија и Македонија (партнерски организации на Мрежа 484)

 

Како дел од серијата активности од областа на азилот и миграцијата, Македонското здружение на млади правници продолжува со нудење на своите капацитети со цел да се заштитат децата бегалци и мигранти, со посебен фокус на непридружуваните малолетници и разделените деца мигранти. Во декември 2015 година, МЗМП започна со имплементација на проектот „Кон вистинска заштита на непридружувани и разделени деца мигранти“.

Во рамки на овој проект, активностите кои ќе се преземат, се посебно дизајнирани и логистички подготвени со цел да предизвикаат подобрување на свеста за реалната злоупотреба на лицата кои не се придружувани или се разделени од своите родители и семејства, како и воопшто злоупотребата на деца и малолетници. Проектот, исто така има за цел да се пронајдат и воспостават нови модели на заштитата со дополнително зајакнување на капацитетите на локално граѓанско општество и локалните институции инволвирани во заштитата на децата бегали и мигранти. На оваа основа, проектните активности ќе се стремат кон произведување промени во релевантното законодавство и државни политики, што ќе резултира со придобивки за добробитот на непридружуваните и раздвоените деца и мигранти.

Првиот месец од спроведување на проектот, односно декември 2015, резултираше се обезбедување присуство на по еден правник од МЗМП на двете гранични точки (влезна-јужна и излезна-северна) на нивна работна позиција како теренски правници. Ова беше првиот месец на започнување на нивната работа која се огледа во овозможување адекватна асистенција на непридружувани и разделени деца и мигранти и останати ранливи категории како жени и деца во генерална смисла, жени со деца кои патуваат сами, лица со попреченост итн.; обезбедување на правни информации и совети, упатување и базична психоподдршка, како и подобрување на нивните постоечки способности и вештини преку посета на основни и напредни обуки.

Бидејќи овој проект започна во декември 2015, преземените активности во негови рамки и постигнатите резултати детално ќе бидат изнесени во наредниот годишен извештај.

 

  1. Проект „Пристап до правда во Република Македонија

 

МЗМП е активно во полето на бесплатната правна помош тргнувајќи од самите почетоци на воспоставување на системот преку процесот на донесување на Законот за бесплатна правна помош од 2009 година.

До август 2015 година, МЗМП беше партнер во спроведување на проектот „Пристап до правда во РМ“ заедно со уште 5 (пет) партнерски организации НРЦ-Куманово, МКЦ-Битола, ЕХО-Штип, Избор-Струмица и 8ми Септември-Скопје, под координација на Фондација Отворено општество Македонија, а финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права при Европската Унија. Главната цел на проектот беше набљудување на примената на Законот за бесплатна правна помош, за да се направи независна оценка на слабостите во примената на законот и да се подготват препораки за подобрување на јавната политика. Преку преземените проектни активности, се правеа напори за придонес кон подобрување на системот за заштита на човековите права во земјата, зајакнување на системот за бесплатна правна помош и идентификација на слабостите во неговата примена.

МЗМП, заедно со петте партнерски организации, обезбеди правна помош со поднесување на 159 барања за бесплатна правна помош до Министерство за правда, овозможи правни информации на повеќе од 1.800 ранливи лица, како и застапување во управни спорови покренати против 13 одлуки со кои се одбива барањето за бесплатна правна помош. Во рамки на проектот се одржа и обука со цел за јакнење на капацитетите на правниците од овластените здруженија во процесот на обезбедување на бесплатна правна помош. Дополнително, беа одржани две информативни сесии во Центарот за социјална работа во Шуто Оризари чија цел беше да се промовираат проектните активности и да се обезбеди директна правна помош на заинтересираните граѓани. Исто така, редовни соопштенија до јавноста беа споделувани, а најчесто на интернет портало pristapdopravda.mk со цел да се оддржува видливоста на проектот и да се зголеми свесноста на граѓаните за правото на бесплатната правна помош.

Непосредно по завршување на времетраењето на проектот беше оддржана и Конференција за презентирање на наодите од набљудувањето на примената на Законот, во форма на објавената публикација со наслов „Извештај за примената на Законот за бесплатна правна помош во 2014-2015 година“.

  1. Бесплатна правна помош

 

МЗМП во 2011 година се стекна со овластување за обезбедување на бесплатна правна помош и како таква организација остана активна во полето на подобрување и олеснување на пристапот до институции за социјалните категории граѓани, лицата кои живеат на маргините на општеството и други ранливи категории лица. Со цел обезбедување поголема примена на начелата поврзани со пристап до правда и фер и рамноправно судење, во канцеларијата на МЗМП секојдневно пристапуваат граѓани со најразлични правни проблеми и прашања. Во периодот на последните четири месеци од 2015 година, повеќе од 100 лица побараа правна информација, а помал дел од нив, по оцена на правниците кои работеа со истите, ги исполнувале условите за поднесување барање за бесплатна правна помош, но истите своето правно прашање го решиле со информацијата стекната во канцеларијата на МЗМП.

Воедно, МЗМП заклучно со септември 2015 година ја одржуваше бесплатната телефонска линија 080044222 на која граѓаните имаа можност да добијат информација, совет за своите права и за правото на користење на бесплатна правна помош.

Со користење на капацитетите со кои организацијата располага, се одржува и веб порталот pristapdopravda.mk чија цел е на сеопфатен начин граѓаните да бидат информирани за правата кои им стојат на располагање и непосредно да се запознаат со нивниот статус на евентуален и потенцијален корисник на правото. Во периодот од септември до крајот на 2015 година се дадени 30 општи правни информации, а дел од лицата кои поставија прашање побараа да им биде закажан состанок со правниците за дополнително објаснување и упатувње кон решавање на нивниот проблем или за обезбедување на друга информација поврзана со друго правно прашање.