Анализа на случаи од стратешко застапување

Македонското здружение на млади правници – МЗМП Скопје изработи Анализа на случаи од стратешко застапување во рамки на проектот “Заштита на човековите права на маргинализирани групи во Република Македонија”, овозможена со поддршка на Фондацијата Отворено општество-Будимпешта. 

Овој проект започна со имплементација во октомври 2014 и траеше 14 месеци, а негова главна цел е да се придонесе кон развојот на општество без дискриминација каде што секој човек добива еднаков третман и може да ги ужива уставно загарантираните права.

Анализата се фокусира врз четири видови на дискриминација, и тоа: дискриминација по основ на раса и  етничка припадност на Роми, дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост, дискриминација врз основ на пол во работни односи и дискриминација на лица од ЛГБТИ заедницата; при што за секоја категорија засебно се анализира контекстот, правната регулатива, правните средства и судската пракса.

Проектот беше насочен кон подигнување на свеста за штетните последици од дискриминацијата на маргинализираните групи, придонесување кон развој на судска пракса во областа на дискриминацијата пред домашните судови и Европскиот суд за човекови права и за поттикнување на поефикасна соработка на граѓанскиот сектор во промоција на анти-дискриминаторските политики.