Руската примабалерина Колесникова го посети Табановце

Светски познатата балетска уметница Ирина Колесникова вчера на 20.04.2016, ги посети бегалските центри на македонско-српската граница за да ја подигне свеста за ситуацијата во која се наоѓаат околу 3000 бегалци од коишто повеќе од половина се деца. Нејзината посета беше поддржана од интернационалната хуманитарна организација Оксфам. 

При посетата на бегалскиот камп Табановце, примабалерината беше пречекана од страна на претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП), кои се постојано присутни во транзитните центри во Македонија, за помош при регистрација и пружање бесплатна правна помош при барање на азил. 

Уметницата, заедно со кореографот од балетот на Санкт Петерсбург ги посетија центрите со цел да пренесат порака дека уметноста може да одговори на една од најитните кризи кои ја зафатија Европа во последниот период. Тие изразија надеж дека Балетскиот театар на Санкт Петерсбург ќе придобие од контактот и искуството со бегалците во креирање на нова изведба на балетот Кармен поставена во бегалски камп. 

Колесникова изјави дека Кармен е приказна за надежта и очајот, за страдањето и жедта за подобар живот, и дека е важно да погледнеме отаде политиката кон чукањето на човечкото срце. 

Регионалниот директор на Осфам Винсент Кох изјави дека соработката со Колесникова и Балетскиот театар на Санкт Петерсбург ќе послужи да се достигне нова публика, вкулучувајчи ја југоисточна Европа и Русија, и да ја поддржи работата која ја Оксфам ја врши со партнерите на терен.