Заеднички АПЕЛ за преземање мерки со кои ќе се обезбедат итните хуманитарни потреби на лицата во движење

Како што илјадници луѓе пристигаат во Европа барајќи безбедност, властите во Австрија и земјите на Западниот балкан почнаа селективно затворање на границите. Овие мерки јасно го кршат меѓународното и европското право кое го заштитува правото на барање азил.

Овие земји создаваат хаос и збунетост, зголемувајќи го човечкото страдање со тоа што лицата остануваат заглавени во несоодветни и нечовечни услови. Со недостатокот на капацитети на границите коишто се оддеднаш затворени за многу лица во движење, жени, деца и мажи се присилени да спијат надвор без пристап до основни услуги, храна и вода.

Коалиција на 26 организации кои делуваат во Грција и земјите на Западниот балкан го искажаа својот став и ги осудуваат низата дискриминаторски и опасни мерки усвоени од Европските земји за да спречат ранливи лица да стигнат до безбедност.Ги повикуваме Европските влади да преземат мерки со кои ќе се обезбедат и исполнат итните хуманитарни потреби на луѓето во движење, и да ги одржат своите обврски согласно меѓународното право.