МЗМП почнувајќи од 2007 година работи на зголемување на ефикасноста на бесплатната правна помош во Р.М и олеснување на пристапот до правда за сиромашните граѓани и лицата припадници на ранливите категории граѓани.
Активностите во оваа област од 2010 година се спроведуваат во соработка и поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија и опфаќаат:
- Обезбедување на претходна правна помош;
- Промоција на правото на бесплатна правна помош;
- Координација на мрежата на здруженија овластени за давање на претходна правна помош;
- Набљудување на примената на Законот за бесплатна правна помош;
- Активности за лобирање за поквалитетен Закон за бесплатна правна помош;
- Обуки за давателите на бесплатна правна помош;
- Достапноста и пристапот до бесплатна правна помош за лицата баратели на азил во Република Македонија