Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Оглас за изработка на тренинг силабус

 ОПИС НА СИТУАЦИЈАТА

Имајќи ги предвид последните случувања во Блискиот Исток, Африка и Азија, Европа се соочува со нови предизвици поврзани со нерегуларната миграција. Како резултат на географската позиција, Македонија која се наоѓа на таканаречената “Балканска миграциска рута” која започнува од Турција преку Грција понатаму кон земјите од ЕУ преку Македонија и Србија, се соочува со голем број на предизвици во обидите да се менаџира нерегуларната миграција на територијата на земјата. Еден од најголемите предизвици е почитувањето на човековите права на луѓето што транзитираат и во исто време штитејки го националниот суверенитет. Од страна на луѓето што влегуваат во земјата на Македонија сеуште се гледа како на транзитна земја, а најголемиот број од мигрантите влегуваат во земјата на нерегуларен начин преку јужната граница со Грција.

 

 

Република Македонија сеуште е во процес на развој на ефективен и ефикасен систем за менаџирање на нерегуларната миграција. Во моментот кога нерегуларните мигранти се откриени на територијата на државата, најчесто тие се задржани во Прифатниот центар за странци. Во моментов не постои редовно присуство на граѓански организации или правници освен во случаите кога има баратели на азил помеѓу нив. Нерегуларните мигранти немаат право на бесплатна правна помош согласно домашното законодавство, а во исто време има мал број на правници/адвокати кои имаат било какво искуство во застапувањето на нерегуларните мигранти.

 

ЦЕЛ И ОПИС НА РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ

 

Целта на задачата е да се изработи тренинг силабус кој што ќе се користи за спроведување на тренинзи на адвокати и правници за застапување на нерегуларни мигранти.

 

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) ќе идентификува 20 правници и адвокати, кои ќе обучени за користење на достапните правни механизми за застапување на нерегуларни мигранти пред домашните и меѓународните институции. Ќе бидат организирани пет (5) тренинзи со кои ќе се покријат повеќе области од темата. Најзначајни области кои ќе бидат опфатени со тренинзите ќе бидат праксата на Европскиот суд за човекови права, Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951, улогата на меѓународните организации (УНХЦР, ИОМ…). Идејата позади овој тип на тренинзи е да се формира тим на адвокати кои ќе бидат обучени, во иднина да обезбедуваат квалитетна правна помош на ирегуларни мигранти не само во случаите кога истите ќе бидат лишени од слобода туку и кога ќе имаат потреба од друга правна помош. Зголемената ефикасност како и квалитетот на постапките на адвокатите кои што ќе ги застапуваат нерегуларните мигранти во судските постапки пред домашните судови ќе резултира со подобрување на владеењето на правото и институционално будење во оваа област што директно ќе влијае на постапувањето на полицијата и другите органи.

 

Овие правници и адвокати ќе бидат вклучени во системот на МЗМП и истите редовно ќе добиваат информации за сите релевантни промени во легислативата поврзана со миграциите како и останати вести од темата. Нивното понатамошно водење на предмети ќе биде основа за понатамошна анализа.

 

Работата се состои од следниве задачи:

  • Анализа на постоечката регулатива и пракса во земјата при обезбедување на заштита на нерегуларните мигранти;
  • Изработка на тренинг силабус за пет тренинзи, вклучувајки и материјали;
  • Подготовка на прирачник на механизми за правна заштита на нерегуларни мигранти (водич на добри практики);

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ЗАДАЧАТА

5 октомври 2015 – 25 октомври 2015

 

НАДОМЕСТ

 

За оваа задачата предвиден е надомест од 250 Евра (Бруто) во денарска противредност.

 

КВАЛИФИКАЦИИ

 

  • Универзитетско образование во следниве области право, општествени науки или човекови права;
  • Релевантно работно искуство со правна заштита и човекови права;
  • Претходно работно искуство во државата и регионот на слични задачи;
  • Експертиза за изработка на анализи и процеки од областа на правната заштита;
  • Одлични комуникативни и меѓучовечки односи;
  • Докажани аналитички и вештини за пишување;

 

АПЛИЦИРАЊЕ

 

  • Сите заинтересирани кандитати потребно е да достават Мотивационо посмо и релевантно CV
  • Заинтересираните кандидати потребно е да ја достават нивната апликација до Македонското здружение на млади правници на: contact@myla.org.mkдо четврток, 01 октомври 2015, 17:00часот со назнака: Апликација за подготовка на тренинг силабус.

 

ОЦЕНУВАЊЕ

 

Следнава методологија ќе биде користена при оценка на кандидатите

 

Критериум

Оцена

Степен на образование во областа на право, општествени науки и човекови права;

10 бода

Релевантно работно искуство во правната професија и човекови права

20 бода

Претходно работно искуство во Македонија или регионот на слични задачи

30 бода

Експертиза за изработка на анализи и процеки од областа на правната заштита

20 бода

Одлични комуникативни и меѓучовечки односи

10 бода

Докажани аналитички и вештини за пишување

 10 бода

*Ве молиме имајте во предвид дека само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани дополнително

Оваа активност е дел од проектот Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес – кон ефективна миграциона политика поддржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград а имплементиран од Македонското здружение на млади правници.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.