Повик за експерти за дискриминација

Здружението за еднакви можности Еднаков пристап, од Скопје во партнерство со Македонското здружение на млади правници  го спроведуваат проектот “Пристапот на жените до правда” во периодот од август 2015 до октомври 2016. Спроведувањето на акцијата претставува борба против социо- економски и културни бариери за овозможување на еднаков пристап до правда за жените и  надминување на родовите стереотипи и сексизмот. Една од активностите е изработка на Анализа за состојбата со пристапот до правда за жените со посебен фокус на жените жртви на родово базирано насилство (силување, демнење, сексуално вознемирување, семејно насилство итн). Анализата ќе биде изготвена од 4 експерти ангажирани  за периодот од 10 месеци.