Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Оглас за вработување на правник за азил и мешани миграции

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Правна помош и застапување на лица од интерес на УНХЦР” кој го спроведува заедно со канцеларијата на Високиот Комесар за бегалци во Скопје (УНХЦР) објавува оглас за вработување на двајца правници за азил и мешани миграции.

Квалификации:

 

  • Стручна подготовка – Завршен Правен факултет
  • Искуство во правна професија минимум 3 години
  • Минимум 2 години работно искуство на проекти во граѓанскиот сектор (работа со маргинилизирани лица ќе се смета за предност)
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик (познавање на албански, француски, арапски и други јазици се смета за предност)
  • Одлично познавање на Word, Excelи Power Point
  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Активен возач (Б категорија)
  • Способност за работа во мултиетничка средина

 

 

Делокруг на работа:

 

  • Застапување на баратели на азил, бегалци и други лица од интерес во постапката за азил пред релевантните национални органи;
  • Обезбедување на директна правна помош за нови баратели на азил;
  • Асистирање при поднесување на барања за признавање на право на азил до МВР;
  • Подготвување на соодветни материјали поврзани со индивидуални случаи;
  • Подготвување на случаите за понатамошно правно постапување на Адвокатот пред релевантните судови;
  • Подготвување на ставови поврзани со идентификувани пропусти во постапката за азил;
  • Асистирање на новите баратели на азил при пополнување на писмени апликации за признавање на право на азил заедно со претставници на Одделението за азил;
  • Раководење со податоците кои што произлегуваат од предметите и да врши подготовка на податоци за потребите на офицерот за азил и миграции;
  • Предлагање на планови и подготовка на извештаи за посета на полициски станици и гранични премини;
  • Одржување на континуирана комуникација со државни институции, донаторот како и другите организации релевантни за успешно спроведување на активностите.

 

Дополнителни информации:

 

  • Работните активности се одвиваат во канцелариите на МЗМП во Шуто Оризари и ПЦ Визбегово;
  • Работно време од понеделник до четврток од 08:00 до 16:30, во петок од 08:00 до 14:00;
  • Работникот се ангажира со полно работно време;
  • Избор на работникот ќе се изврши на 26.05.2015 година.

 

Ве молиме вашите биографии заедно со мотивационо писмо да ги испратите на следната електронска адресаcontact@myla.org.mk. Истите да се поднесат најдоцна до 19.05.2015 година.

 

Само апликациите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.  

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.