Соопштение до медиумите

Вчера доцна вечерта во 22.30 часот, на железничката пруга помеѓу Велес и Скопје во близина на станица Пчиња, се случи трагедија во којаспоред извршениот увид на надлежните органи на местото на несреќата 14 лица го загубија својот живот.Мигрантите се ориентираат по пругите за полесно да стигнат до некој од градовите во земјата, најчесто во Скопје, каде или бараат азил или го продолжуваат својот пат до европските земји. Со цел да ја избегнат полицијата,ризикуваат да се движат и по непристапни терени и да се соочат со опасноста да го загубат својот живот на патот кон подобра иднина.

Во изминатиот период забележано е енормно зголемување на миграциските движења низ земјата, а зголемен е и бројот на бегалци од Сирија кои de facto се лица на кои им е потребна било каква форма на меѓународна заштита во земјата. Според информациите на Министерството за внатрешни работи за разлика од 2013 година, во 2014 забележано е тројно зголемување на илегалната миграција во земјата. Регистрирани се 41.314 илегални мигранти, од кои половина потекнуваат од Сирија, што укажува на потребата од градење на сензитивни системи за нивна заштита во кои ќе се земат во предвид индивидуалните потреби на овие ранливи групи. Имајќи предвид дека лицата успеале да се спасат и да избегаат од војни, апсурдно е да го изгубат својот живот во земјата во која треба да го најдат својот спас. Оттука, потребно е Македонија да им овозможи пристап и безбедно движење на својата територија, како и заштита на нивните основни човекови права – првенствено правото на живот. Понатаму, без разлика од каде потекнуваат, со оглед на зголемениот број на лица кои транзитираат низ земјата, како и јавно изразените ставови на државата за зголемување на овој тренд и во иднина, повторно апелираме заобезбедување хуман третман на мигрантите и целосна заштита на нивните права за време на нивниот престој на територијата на Република Македонија.

Неспорни се заложбите од страна на државата за справување со илегалната миграција кои детално се разработени во новата Резолуција за миграциската политика на Република Македонија 2015-2020, каде што најголем акцент е ставен на илегалната миграција и криумчарењето на мигранти. Државата веќе разработува посебни механизми, имајќи предвид дека војните во Блискиот Исток, Северна Африка, особено Сирија и Иракукажуваат на фактот дека причините за нерегуларна миграција не се исклучиво од економски карактер.

За таа цел МЗМП апелира на поголема посветеност и развивање на превентивни мерки кои ќе оневозможат вакви несреќи во иднина и ќе им обезбедат на мигрантите можност да бараат прибежиште на нашата територија. Да не дозволиме Македонија да претставува Лампедуза на Балканот, а патот од Гевгелија кон Европа – пат до неизбежнасмрт доколку возот е побрз, а клисурата премногу тесна.

 

Ул. Златко Шнајдер 4а-1/3, 1000 Скопје 

Телефон/факс 02/3 220870 Email:contact@myla.org.mk