ПРВА ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА ВО МАКЕДОНИЈА ОД ОБЛАСТА НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА

Македонското здружение на млади правници – МЗМП информира дека пресудата која беше донесена од страна на Основниот суд Делчево, каде се утврдува дискриминација врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација по основ на ментална и телесна попреченостстана правосилна.

Во овој случај, Основниот суд во Делчево покрај тоа што утврди дискриминација поради пропуштање да се преземат дејствија (изградба на тротоар и рабници), го задолжи тужениот – Општина Делчево – да ја отстрани повредата на правото и да ја прилагоди инфраструктурата и просторот, преку изградба на тротоар и рабници согласно техничките стандарди за пристапност на тужителот како лице со посебни потреби. Дополнително, Судот го задолжи тужениот да му надомести на тужителот нематеријална штета за претрпен страв и душевни болки.Откако, по првостепената пресуда не беше поднесена жалба од страна на тужениот во законски предвидениот рок, истата стана правосилна, што ја прави прва правосилна пресуда во Република Македонија од областа на дискриминацијата.

Македонското здружение на млади правници, од чија страна беше поддржана оваа постапка, ја поздравува одлуката на општината да не ја обжали првостепената пресуда и да постапи во согласност со диспозитивот на истата.