Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

СООПШТЕНИЕ

Започна програмата за практикантска работа за 300 млади правници

Во понеделник 2 март 2015 година, Проектот на УСАИД за заштита на човековите права започна со спроведување на Програма за практикантска работа за млади правници и студенти со завршени три години на правни студии.

Програмата за практикантска работа ќе се спроведува во соработка со Судовите во Република Македонија,Здружението на јавните обвинители на Република Македонија, Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација и индивидуални адвокатски канцеларии.

 

Програмата е осмислена на начин учесникот да има можност да се вклучи во работатата на овие институции иоргани и да се запознае со начинот на нивното функционирање. За време на праксата, практикантите ќе работат на сите релевантни зададени работи и задачи,а меѓу другото ќе присуствуваат и на главните претреси (кривичен и граѓански суд), сѐсо цел оспособување на практикантот и поблиско запознавање со правната пракса. Истовремено со практикантската работа, учесниците во програмата ќе следат и обуки од областа на човековите права. 

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права се спроведува од страна на Македонското здружение на млади правници. Цел на проектот е да придонесе за унапредување на заштитата и промоцијата на човековите права и демократските вредности во Р. Македонија преку правна едукација и зајакнување на правни професионалци како и граѓански организации. 

Лице за контакт:

Назиф Авди

Македонско здружение на млади правници

 

Моб. 072/277-293; Е-пошта: navdi@myla.org.mk

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.