Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Оглас: Практикантска работа

ЈАВЕН ПОВИК

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) од месец септември 2014 година ја спроведува тригодишната програма “Проект на УСАИД за заштита на човековите права”. Една од главните активности на проектот е спроведување на Програмата за практикантска работа со цел подобрена правна едукација на младите правници во областа на човековите права.

 

 Услови за поднесување апликација:

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршени три години од студии по право (180 кредити);
  • Интерес во областа на човекови права;
  • Основни познавања од областа на заштита на човекови права;
  • (Пожелно) познавање на англиски јазик;
  • Обврска за учество во целокупното траење на циклусот од два месеци практикантво.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани, проактивни млади правници (студенти по право) да испратат свое резиме/CV и мотивационо писмо (најмногу една страна) на електронската адреса: contact@myla.org.mk или на ул. Златко Шнајдер 4А/1-3, 1000 Скопје, најдоцна до понеделник, 16ти февруари 2015 година.

Програмата ќе се спроведува во периодот март 2015 –  септември 2017 година, во соработка со Судовите во Република Македонија, Здружението на јавните обвинители, Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација и индивидуални адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине два месеца практикантска работа во две различни институции (изборот на институцијата го определува проектниот тим).

Во периодот од март до јуни 2015 година Програмата ќе ги опфати градовите: Скопје, Битола, Штип и Тетово. Истовремено со практикантската работа учесниците ќе имаат можност да посетуваат основни и напредни обуки од областа за човекови права, за што ќе бидат ангажирани домашни и странски предавачи.

За учесниците во програмата предвиден е и фиксен месечен паричен надомест.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП)е невладина организација која е формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредувањето на правничката професија, заштита на човековите права и слободи,и унапредување на принципот на владеење на правото во РМ преку учество и работа на конкретни проекти.Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници. Од месец септември 2014 година МЗМП ја спроведува тригодишната програма “Проект на УСАИД за заштита на човековите права”.

 

Само избраните кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани. Ве молиме без телефонско јавување.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.