ЈАВЕН ПОВИК

Mакедонското здружение на млади правници (МЗМП)е невладина организација која е формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредувањето на правничката професија, заштита на човековите права и слободи,  и унапредување на принципот на владеење на правото во РМ преку учество и работа на конкретни проекти.Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници. Од месец септември 2014 година МЗМП  започна со спроведување на тригодишна програма “Проект на УСАИД за заштита на човековите права”.

Една од главните цели на проектот е воспоставување и овозможување на континуирана правна едукација на младите правници од областа на човековите права. За таа цел проектот предвидува организација наОбука за обучувачи во областа на човековите права. Целта на обуката ќе биде унапредување на знаењата и вештините во областа на човекови права. Акцентот понатаму ќе биде ставен на развој на способности за обучувачи во областа на човековите права, односно способност да се пренесе стекнатото знаење на млади правни професионалци.

Во обуката ќе биде применета интерактивна методологија, вклучувајќи: работа во групи, студии на случај, решавање на проблеми, дискусија, итн.

Обуката ќе се состои од два еднодневни настани (основни обуки), и еден дводневен настан (напредна обука), со тоа што првиот еднодневен настан ќе се одржи во декември 2014 година, проследен со еднодневен настан во јануари 2015 година, и дводневен настан во февруари 2014 година, со што ќе се заокружи обуката.   

Обуката ќе обработува разновидни теми од областа на човековите права, како на пример: Европска конвенција за човекови права, кривична постапка и човекови права, право на слобода, право на правично судење, улогата на судовите и човековите права, дискриминација, примена на човекови права во бегалското право, итн. Дел од обуката ќе биде посветен на градење/зајакнување на презентациски вештини.  

Обуките ќе ги спроведуваат реномирани домашни и странски експерти.

За таа цел, МЗМП објавува јавен повик за заинтересирани кандидати за учество во Обука за обучувачи во областа на човековите права.

Услови за поднесување апликација:

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома по право или меѓународно право;
  • Најмалку три години професионално искуство во правната пракса (човекови права, судски или државни институции и / или локална или меѓународна невладина организација (специјализирана за правни прашања) и / или Меѓународна организација;
  • познавање на правниот систем и правните институции во земјата; 
  • Познавање на Европските и меѓународните стандарди поврзано со темите ќе се смета за предност;
  • Докажан интерес иискуство во областа на човековите права;
  • Посетеност на семинари и обуки од областа на човекови права (ве молиме нагласете во CV);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Презентациски вештини;
  • Обврска за учество во целокупното траење на обуката.

За таа цел МЗМП ги повикува сите заинтересирани, проактивни млади правници и адвокати да испратат своерезиме/CV и мотивационо писмо (најмногу една страна) на електронската адреса: contact@myla.org.mk или на ул. Златко Шнајдер 4А/1-3, 1000 Скопје, најдоцна до вторник, 18ти ноември 2014 година.

Само избраните кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани. Ве молиме без телефонско јавување.