Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Совет за владеење на правото – мрежа од македонски граѓански организации

Македонското здружение на млади правници, Здружението на судска администрација, Европското здружение настудентите по право во Република Македонија, како и Коалицијата “Сите за правично судење” го основаа Советотза владеење на правото во Маврово, на 5 јули 2013 година. Сеопфатната цел на Советот за владеење на правото е да ги поддржи реформите во судството и да го промовира владеењето на правото во Република Македонија.

Воден од својата главна цел, Советот ќе се залага за правни реформи; ќе ја поддржува судската независност, ефикасност и отчетност; ќе ја следи ефикасноста на институциите на правосудниот систем  и ќе го промовирадоживотното учење меѓу правните професионалци. Советот, исто така, ќе го поддржи развојот на капацитетите надруги граѓански организации и професионални правнички организации, како би можеле и тие да се придружат на Советот за владеење на правото како нови членови. Советот ќе промовира активна соработка меѓу граѓанските организации, судовите и државните органи во Република Македонија. Конечно, Советот ќе ги поврзепрофесионалните правнички здруженија и граѓански организации во Европа, и ќе воспостави соработка соинституциите на Европската унија.

Воспоставувањето на Советот за владеење на правото беше инспирирано од една студиска посета на Шведска и Естонија во април (8-18), 2013 година. Би сакале да се заблагодариме на Проектот на УСАИД за јакнење на судството за организирање на оваа посета и што ни обезбедија можност да се сретнеме со претставници на Мрежата на естонски непрофитни организации, импресивна чадор асоцијација на 1500 естонски невладини организации со големо искуство во организирање на граѓански иницијативи.

Советот за владеење на правото  е замислен како отворена мрежа на организации и поединци кои се заинтересирани и ангажирани во владеењето на правото. Ги покануваме сите граѓански организации,професионални правнички здруженија и поединците ориентирани кон реформи да ни се придружат во спроведувањето на нашата визија за создавање на Република Македонија како земја во која владее на правото.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.