Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Пан- Европска петиција за заштита на лицата без државјанство во Европа

“На лицата без државјанство во Европа итно имаат потреба од нашата помош. Фактот дека остануваат околу 600.000 лица без државјанство кои живеат во Европа денес покажува дека од подамна е потребна акција во однос на ова прашање. Ратификувањето на конвенции е многу важен прв чекор, но мора да биде проследено со воведувањето на идентификација и регулирање на постапките кои се критични за помагање на лицата без државјанство повторно да ги изградат своите животи .”

– Крис Неш, Координаторот на Евопската мрежа за бездржавјанство

 

Европската мрежа за бездржавјанство (ЕNS) денес ја лансираше пан-европската петиција (pan-European petition) повикувајќи ги европските лидери да превземат акција за да ги заштитат лицата без државјанство во Европа, и да им се овозможи обновување на нивните животи. Ние бараме да ни помогнете со потпишување и споделување на ЕNS онлајн петицијата која ќе биде презентирана на европските лидери.

Околу 600.000 лица без државјанство живеат денес во Европа, вклучувајќи многу доселеници заглавени во постојана неизвесност. На нив итно им е потреба наша заштита.

ПОТПИШЕТЕ ЈА ПЕТИЦИЈАТА http://www.statelessness.eu/act-now-on-statelessness

Со вашата поддршка можеме да ги извадиме европските „правно невидливи“ лица од сенка и да осигураме дека лицата без државјанство се третираат со почитта и достоинството што им недостасува. Фактот дека преостануваат околу 600.000 лица без државјанство кои денес живеат во Европа укажува на тоа дека од одамна е потребно да се превземат акциии. Времето за дејствување е сега и ова е еден начин за решавање на проблемот.

Ве молиме раширете ја оваа порака колку што е можно повеќе.

Европската мрежа за бездржавјанство и Македонско здружение на млади правници

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.