10-ти Скопски Маратон

Двајца баратели на азил од Гвинеја учествуваа во 10иот Скопски Маратон под мотото:

“2 662 064 refugees rаn from Syria. Today we are running for them” Во недела, 11 Мај 2014, се оддржа 10иот Скопски Маратон. Околу 6,000 учесници од 47 земји трчаа низ главните улици на Скопје во весела атмосфера. Помеѓу нив двајца тркачи од Гвинеја го привлекоа вниманието на јавноста со нивниот заразен ентузијазам и насмеани лица.

Селестин Салас Сангаре и Насир Диаби, двајцата баратели на азил од Гвинеја, пристигнаа во Скопје пред пет месеци. Во текот на нивните првични контакти со адвокати од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) – имплементирачки партнер на УНХЦР Скопје, тие дознале за Скопскиот маратон и веднаш изразиле желба да учествуваат. Со нивното учество во маратонот, Селестин и Насир, се придружија на МЗМП во кампањата започната од Европскиот Совет за бегалци и прогонети ” Europe Act Now ” повикувајќи ги европските лидери да ги заштитат бегалците кои бегаат од Сириската војна. Оваа кампања е поддржана и од УНХЦР.

“И двајцата сме добри фудбалери, спортот е нашиот живот”, Селестин го објасни нивниот интерес со шармантна насмевка. “Оваа земја е нашиот домаќин веќе 5 месеци, запознавме многу пријатели и би сакале да им се придружиме за време на маратонот”, додаде тој, имајќи го во предвид учеството на адвокатите од МЗМП. ” Ние не сме заинтересирани за победа туку за промовирање на спортот”, објасни Насир.

Македонија има долга традиција на прифаќање на лица кои имаат потреба од меѓународна заштита. Во првите месеци на 2014 година, 275 нови баратели на азил од 16 различни земји се регистрирани како баратели на азил во земјата, воглавно доаѓаајќи од Сирија (153), Авганистан (82), како и од Пакистан, Еритреја, Мали, Сомалија итн.

УНХЦР Скопје заедно со својот имплементирачки партнер МЗМП, нуди бесплатна правна помош за барателите на азил во текот на постапката за утврдување на нивниот статус.