Одделот за правна помош на МЗМП успешно ги застапува Сириските баратели на азил кои добија статус на признаен бегалец во Република Македонија

МЗМП со задоволство објавува дека тимот на правници кои работат во областа на азил успешно ги застапува Сириските баратели на азил кои добија статус на признаен бегалец во Република Македонија. Додека во Сирија владее конфликт последниве три години и бројот на бегалци надминува 2.5 милиони, Република Македонија им додели статус на признаен бегалец на 10 лица, односно 3 семејства кои избегале од Војната во Сирија и побараа заштита во Република македонија.

 

Инспекторите од Одделението за азил при МВР спроведоа интервјуа со овие лица и врз основа на личните и генералните околности на барателите на азил, беа донесени позитивни решенија.

Според Законот за азил и привремена заштита признаен бегалец е: „лице кое поради оправдан страв дека ќе биде прогонето заради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група или поради своето политичко уверување, е надвор од државата чиј државјанин е и не може, или поради таков страв, не сака да биде под заштита на таа држава или кои доколку е без државјанство е надвор од државата во која имало вообичаено место на престој, не може или поради таков страв не сака да се врати во неа.“

Сириските беглци кои живеат во Р. Македонија изразија волја да се интегрираат во општеството, да најдат работа, да го научат македонскиот јазик и да живеат безбеден живот.

МЗМП е водечка НВО која со поддршка од УНХЦР (Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации) обезбедува бесплатна правна помош за бегалзи и баратели на азил од 2010 година. Според статистиките на МЗМП, од почетокот на сириската криза 450 баратели на азил од Сирија побарале меѓународна заштита и поднеле барање за признавање на азил во Република Македонија.

Учество на работилница за споделување искуства во рамки на проектот „Thinking for governance”

МЗМП учествуваше на втората работилница од проектот „Thinking for governance” спроведуван од страна на Полскиот институт за меѓународни работи (The Polish Institute of International Affairs) која се одржа во Братислава, Словачка од 20 до 21 Март 2014 година.

Македонското здружение на млади правници, претставувано од страна на Гоце Коцевски, учествуваше на втората работилница од проектот „Thinking for governance” на тема „Вишеград за зајакнување на демократијата во Западниот Балкан: Искуството на Словачка во соработката помеѓу граѓанското општество и јавната администрација“.

Thinking for governance1 е проект спроведуван од страна на Полскиот институт за меѓународни работи (The Polish Institute of International Affairs) заедно со уште неколку партнерски организаци со идеа да го сподели заедно со широк спектар на НВО и Think tank организации од Западниот балкан, искуството на вишеградската група (V4) во соработката со јавната администрација во рамки на ЕУ интегративниот процес особено преговорите за пристап како и активностите по пристапувањето.

На работилницата беа споделени искуствата и позитивните примери на соработма помеѓу граѓанскиот сектор и јавната администрација во однос на темите како мониторингот на процесот на набљудувањето на процесот на пристапувње кон ЕУ, независноста, непристрасноста и интегритетот на судството, борбата против организираниот криминал, промовирањето на ЕУ и НАТО интеграцијатата како и борбата против корупцијата. Како панелисти учествуваа релевантни претставници на граѓанскиот сектор во Словачка и особено претставници на јавната администрација.

Врз основа на работилницата, МЗМП заедно со уште останатите две организации од Р.М кои учествуваат во проектот ќе изработи документ за јавна политика кој ќе ги содржани препораките од работилниците кои ќе бидат засновани врз основа на споделените искуства од страна на претставниците на граѓанскиот сектор и јавната администрација во Словачка.