МЗМП ја поддржува кампањата „Европа делувај сега – Помогни им на сириските бегалци“ покрената од Европскиот совет за бегалци и прогонети и 100 партнери

На 6 март 2014, заедно со преку 100 партнери во 34 земји, Европскиот совет за бегалци и прогонети ја ланнсираше кампањата „Европа делувај сега“ (www.helpsyriasrefugees.eu), повикувајќи ги европските лидери да ги заштитат бегалците од  војната во Сирија и да покренат акција за:

Да им обезбедат на бегалците безбеден пат во Европа

Да ги запрат оттурнувањата и да ги заштитат бегалците кои пристигнуваат на Европските граници

Да ги обединат семејствата одделени од кризата

Веб-страната им овозможува на поддржувачите на кампањата да го донираат својот Twitter feed на бегалците од сириската криза како и да споделат информации за кампањата преку нивниот

профил. Бегалците може да ги споделат своите искуства од бегањето од конфликтот и обидот да побараат заштита во Европа со пријателите и следбениците на подржувачите. Луѓето исто така може да го дадат својот глас да ги заштитат сириските бегалци со потпишувањето на петицијата „Европа делувај сега“.

Со 130 000 жртви и бегалци чиј број се очекува да достигне 4 милиони до крајот на 2014, оваа војна претставува една од најголемите хуманитарни кризи на денешницата.

Досега кампањата доби поддршка од Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент и Нилс Мулжниекс, Комесарот за човекови права на Советот на Европа. На првиот ден од кампањата, преку 1 200 луѓе и организации го дадоа својот глас на бегалците од Сирија.