Стратешко застапување

На 14.02.2014, во конференциската сала на Хотел Арка, Mакедонскотo здружение на млади правници во соработка со Проектот на УСАИД за јакнење на судството во Македонија организираше обука за стратешкото застапување на човековите права во Македонија.

Учесниците беа 31 млади, мотивирани студенти, идни правници, членови на ЕЛСА. Обучувачите беа професионалци со искуство во стратешко застапување за човекови права во рамките на проекти на МЗМП.

Вовед во клучните фактори и пристапи кон стратешкото застапување даде Жарко Алексов, координатор на проект во МЗМП. Тој дебатираше во врска со предизвиците и можностите на стратешкото застапување.

Жарко Хаџи Зафиров кој е адвокат од адвокатската канцеларија Бона Фиде и ангажиран на проект за борба против дискриминацијата во МЗМП, преку судските постапки во Македонија ја наметна дискусијата за клучните човекови права во предметите за анти-дискриминацијата во Македонија, како и употребата на домашните механизми при нивно застапување.

По паузата за ручек, адвокат Јасна Аранѓеловиќ Оровчанец дискутираше за практиката на Европскиот суд за човекови права, како и можноста еден случај да се добие со меѓународни механизми.

Конечно, Ирена Здравкова и Мартина Смилевска, ангажирани на проектот на УНХЦР, ја презентираа употребата на стратешкото застапување во судски постапки во случаите за азил, при неосновани користења на принципот на безбедна трета земја. Покрај тоа тие ја претставија и новововедената иницијатива за група за стратешко застапување на предмети во областа на азилот.