Информација

Почитувани членови,

Би сакале да Ве потсетиме дека денес, на 28ми ноември 2013 година (четврток), во Гем центарот (Менада), во старата Скопска чаршија, со почеток од 19.00 часот ќе се оддржи Редовното годишно собрание на МЗМП.

На собранието се предлага да бидат разгледани следниве точки на дневен ред: Усвојување на предлог дневниот ред; Избор на работни тела на собранието; Усвојување на Записникот од Собранието оддржано на 14.03.2013 (во прилог); Презентација на извештајот за работата на Управниот одбор во 2013 година; Презентација на Предлогот за донесување на нов Статут на МЗМП од страна на Управниот Одбор; Гласање по Предлогот за донесување на нов Статут на МЗМП; Презентација на кандидатите за избор на член на Управен Одбор на МЗМП; Избор на членoви на Управен Одбор на МЗМП; Разно.

Ве очекуваме!