Учество во Универзалниот периодичен преглед на ООН

Во јуни 2013, Македонското здружение на млади правници учествуваше со индивидуален поднесок  кон Универзалниот периодичен преглед, што претставува инструмент за следење на состојбите со човековите права од старана на на Советот за човекови права на ООН. Овој поднесок се однесува на  прашања поврзани со азилот и бездржавјанството во Република Македонија. Дополнително, МЗМП е единствената невладина организацијаод Македонија што самостојно поднесе поднесок до УПР. 

Основни информации за Универзалниот периодичен преглед на ООН: http://www.ohchr.org/EN/HRBodies/UPR/Pages/BasicFacts.aspx

 

Поднесок на МЗМП за Универзалниот периодичен преглед на Република Македонија до канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН

Исто така, МЗМП учествуваше и во заеднички поднесок на ад хок коалицијата составена од 22 македонски невладини организации, основана посебно за UPR процесот. Придонесот на МЗМП беше даден за Препораката бр 8 (“Да се воспостави национален сеопфатен план за регистрација граѓански статус и право на идентитет, кој вклучува подигнување на свеста  преку кампањи за родители, старатели и други одговорни лица, кои ќе помогнат да се забрза регистрација на родените“) (Аргентина) и Препораката бр 15 („Да се продолжат напорите за унапредување на правата на ранливите групи“) (Казахстан).

 

Заеднички поднесок на привремена коалиција за UPR процесот – Македонија

Документите за 2-то Универзално Периодично Разгледување на Државата се објавени тука:http://www.ohchr.org/EN/HRBodies/UPR/Pages/MKSession18.aspx.

УПР прегледот ќе биде на 30 јануари 2014 од 14:30-18:00ч (18-та УПР седница на Советот за човекови права),  а ќе биде пренесуван преку вебкаст во живо.