Доделена Благодарница на Македонското здружение на млади правници

Македонското здружение на млади правници  на 26.06.2013 доби Благодарница за хуманост и исклучителна поддршка на децата од СОС Детско село

Благодарницата беше доделена како резултат на успешната соработка со СОС Детско село во обезбедувањето на правна помош за лицата кои што се од нивен интерес како и на сите напори кои што ги вложува МЗМП во заштитата на човековите права и пристапот до правдата.

Соработката помеѓу двете организации трае од 2011 година од кога е потпишан Меморандум за соработка и продолжува и во иднина.