Решавање на статусот на лицата неевидентирани во матична книга на родени

 

Бездржавјанството и недостатокот на регистриран граѓански статус и лични документи претставува сериозен проблем во уживањето на основните социјални и економски права за голем број на лица кои живеат во Македонија.

За повеќето од овие лица, сиромаштијата, маргинализацијата и дискриминацијата се „стандарден“ дел од секојдневниот живот. Најзасегнати се децата без државјанство кои растат сметајќи дека основните права се луксуз кој го добиваат повеќето деца, но не и тие.

На 01 Ноември 2018 заврши јавниот повик на Министерството за труд и Социјална политика и Управата за водење на матични книги со кој се идентификуваа 700 лица кои не поседуваат лични документи

Од моментот на нивно идентификување до денес се поминати:

 

Идентификувани лица: 700

Поведени постапки: 211 

На територија на град Скопје поднесени се 132 барања  од кои 90 барања во Подрачното одделение Скопје ( бивша комерцијална банка) а 42 барања во матичното подрачје Шуто Оризари. Остантатите се низ градовите во државата.

Евидентирани лица во Матична книга на родени: 120

 

Во февруари 2020 година, Собранието го усвои законот за неевидентираните лица во матична книга на родени, со кој се предвидува лицата да поднесат барања за упис во рокот од шест (6) месеци од денот на донесувањето на законот односно до август 2020 година.

Законот за неевидентирани во матична книга на родени е достапен на следниов линк

ВАЖНО

Согласно Уредбата на Владата од 29 мај 2020 година, рокот за поднесување на барање за упис во посебната матична книга на родените престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува шест месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Со цел законот да биде функционален надлежните министерства подребно е да ги донесат следниве подзаконски акти:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

  • да подготви планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

  • да подготви планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

  • да подготви планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

  • да подготви планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот

 

Повеќе за бездржавјанството во Македонија на следниов линк