Решавање на статусот лицата неевидентирани

во матична книга на родени

 

Бездржавјанството и недостатокот на регистриран граѓански статус и лични документи претставува сериозен проблем во уживањето на основните социјални и економски права за голем број на лица кои живеат во Македонија.

За повеќето од овие лица, сиромаштијата, маргинализацијата и дискриминацијата се „стандарден“ дел од секојдневниот живот. Најзасегнати се децата без државјанство кои растат сметајќи дека основните права се луксуз кој го добиваат повеќето деца, но не и тие.

 

На 01 Ноември 2018 заврши јавниот повик на Министерството за труд и Социјална политика и Управата за водење на матични книги со кој се идентификуваа 700 лица кои не поседуваат лични документи

 

Од моментот на нивно идентификување до денес се поминати:

 

 

Во февруари 2020 година, Собранието го усвои законот за неевидентираните лица во матична книга на родени, со кој се предвидува лицата да поднесат барања за упис во рокот од шест (6) месеци од денот на донесувањето на законот односно до август 2020 година.

ВАЖНО

Согласно Уредбата на Владата од 29 мај 2020 година, рокот за поднесување на барање за упис во посебната матична книга на родените престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува шест месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Со цел законот да биде функционален надлежните министерства подребно е да ги донесат следниве подзаконски акти:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

 

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

  • да подготви планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот (не се подготвени)

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

  • да подготви планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот (не се подготвени)

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

  • да подготви планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот (не се подготвени)

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

  • да подготви планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот (не се подготвени)

 

Повеќе за бездржавјанството во Македонија на следниов линк