Почнувајќи од октомври 2018 година, Програмата за практикантска работа продолжи да се спроведува. МЗМП во периодот октомври – декември 2018 година обезбеди тримесечна практикантска работа за 26 млади правници во 20 институции, судови и адвокатски канцеларии во 8 градови низ Македонија.

Целта на програмата е зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија преку подобрување на нивните практични правни вештини, вештини за наоѓање на работа во правната професија по нивното дипломирање, подобрување на знаењето за основните етички вредности на правната професија, и нивна сензибилизација за правните потреби на најмаргинализираните групи во општеството.

МЗМП воспостави HELP DESK за млади правници со цел обезбедување на постојана поддршка при барање на работа или пракса вклучувајќи помош при подготовка на кратка биографија, мотивационо писмо и прирема за интервју за работа. Покрај тоа, како дел од оваа канцеларија за советување се креираше база на податоци која содржи информации за отворени работни позиции и повици за практикантство/волонтерство за млади правници, а информациите редовно се споделуваат со младите правници. Целта на оваа канцеларија е да се поврзат младите правници кои бараат работа со правни фирми, компании, канцеларии и организации.