програмски коориднатор Ангела Шумкоска

 

Од самото основање на МЗМП, една од клучните активности е обезбедување на правна едукација и обуки на младите правници, како еден од начините на зајакнување на нивните капацитети и практични правни вештини.

Денес МЗМП покрај обуки на младите правници, обезбедува соодветни обуки од областа на човекови права на владини институции, судство, општини, правници, граѓански организации, како и на самите граѓани.

Програмата за правна едукација на МЗМП се стреми кон подготовка на стратегија и формирање на модули кои се однесуваат на заштита на човековите права и остварување на принципот на владеење на правото, како и создавање на системски пристап кон организирање на настани. Со ова дополнително се унапредува квалитетот на активностите на МЗМП за правна едукација кои ќе им помогнат на нашите корисници да го стекнат потребното знаење и да се здобијат со бараните практични вештини.