Од 2011 како партнер на Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР), Македонското здружение на млади правници обезбедува бесплатна правна помош и правна поддршка за лицата без регистриран граѓански статус и лицата во ризик од бездржавјанство во Република Северна Македонија.

Решавање на статусот

на лицата неевидентирани

во матична книга

на родени повеќе инфо на следниов линк 

 

 

БЕЗДРЖАВЈАНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

На 01 Ноември 2018 заврши јавниот повик на Министерството за труд и Социјална политика и Управата за водење на матични книги со кој се идентификуваа 700 лица кои не поседуваат лични документи

Од моментот на идентификување се поминати:

Решени се “0” случаи

Бездржавјанството и недостатокот на регистриран граѓански статус и лични документи претставува сериозен проблем во уживањето на основните социјални и економски права за голем број на лица кои живеат во Македонија.

За повеќето од овие лица, сиромаштијата, маргинализацијата и дискриминацијата се „стандарден“ дел од секојдневниот живот. Најзасегнати се децата без државјанство кои растат сметајќи дека основните права се луксуз кој го добиваат повеќето деца, но не и тие.

Повеќе за бездржавјанството во Македонија на следниот линк

 

 

Нашите активности 

МЗМП обезбедува правна помош за лица без државјанство и лица изложени на ризик да останат без државјанство, со фокус на лица кои немаат запишано раѓање и лично име пред Управата за водење на матични книги при Министерството за правда. МЗМП активно соработува со Одделението за странци и реадмисија и Одделението за државјанство за сите прашања поврзани со толкувањето на релевантните одредби од Законот за странците и Законот за државјанство. 

Канцеларијата на МЗМП во Шуто Оризари е отворена секој работен ден од 08:30 до 16:30 на следната локација.

Регионална соработка

Од 2011 година МЗМП е дел од регионалната мрежа WeBLAN.

Активностите на WeBLAN вклучуваат помош во процедурите за граѓанска регистрација и обезбедување на документација во регионот, соработка за разни случаи и прашања поврзани со прекугранична соработка, размена на информации за правните и административните рамки и процедурите во земјите од регионот во однос на граѓанската регистрација, заедничко лобирање и давање препораки на земјите од регионот за спречување на државјанство и пристап до основните права, споделување на најдобри практики и барање решенија за утврдени проблеми, промоција на ВЕБЛАН меѓу соодветните локални, национални, регионални и меѓународни институции.

 

МЗМП е дел и од иницијативата на European Network on Statelssness каде што секоја година се обновуваат податоците за состојбата со бездржавјанството во цела Европа:

 

Спроведени проекти на темата бездржавјанство: 

2011 – 2020 Prevention and Reduction of Statelessness in Macedonia (UNHCR)

2012 – 2013 Julia Taft Refugee Fund Project for Documenting Refugees (US Embassy)

2017 – 2019 Statelessness index update (ENS)