Tрговијата со луѓе е сериозен облик на кршење на човековите права и слободи и таа најмногу ги погодува најранливите категории на граѓани, а тоа се жените и децата. МЗМП посветено работи на идентификација и правна заштита на жртвите со целосно почитувањето на човековите права.

Со Решение на Министерството за труд и социјална политика од Март 2018 година Македонското здружение на млади правници е дел од 4 мобилни тимови за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе во Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово.

Во составот на мобилните тимови се вклучени претставници на Центрите за социјална работа, претставници на Министерството за внатрешни работи-националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани, а нивното функционирање е поддржано од ИОМ.

Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати, а во 2019 година идентификуваа 3 жртви на трговија со луѓе, 63 потенцијални жртви на трговија и голем број ранливи лица кои се упатени на соодветна помош и поддршка до други релевантни институции. Од нив најголем процент се деца.

Повеќе за трговијата со луѓе може да добиете на веб сајтот на МЗМП наменет за подигнување на јавната свест на КАЖИ СТОП!

 

 

ПРИЈАВИ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ