Македонското здружение на млади правници веќе шеста година по ред работи и се заложува за подобрување на системот за заштита на правата на децата.  И покрај заложбите на државата да ги регулира и да се стреми кон  доследно почитување и остварување на правата на децата, се забележуваат непочитувања и повреди кои битно влијаат на состојбата со детските права, непочитување на најдобриот интерес на детето како и недоволна заштита од повреди на правата во семејството, детските градинки, образовните установи како и во установите и институциите за грижа на детето.

ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето во 1993 година  и со тоа  Република Македонија се обврза да ги вметне сите одредби од конвенцијата во постоечкото закодовавство со цел да се гарантираат сите права на децата а со тоа државата да воспостави и систем на нивна заштита.

Нашита активности

Бесплатна правна помош за деца

Македонското здружение на млади правници  Заштита на правата на децата може да се спроведе со поведување на две постапки и тоа :Граѓанска постапка и кривична постапка.

МЗМП во сорабтона со СОС Детско село воспостави сервис за заштита на жртви на насилни кривични дела. Каде што таргет група се: деца, постари лица, жени и лица со попреченост. Во рамките на Сервисот за заштита на жртви на насилни кривични дела се обезбедуваат услуги за Правна и Психо-социјална поддршка на жртви на насилни кривични дела.

Одредбите од Законот за бесплатна правна помош за одобрување на секундарна правна помош  не се применуваат во обезбедување на правна помош на дете  согласно одредбите од Законот за правда за децата. Во кривичната постапка, согласно Законот за правда за децата и согласно ЗКП детето жртва има посебни права на процесна заштита при давањето на исказ и испитување во сите фази на кривичната постапка .

 

Истражувања и политики 

МЗМП ги идентификува клучните проблеми и предизвици кои се поврзани со системот на социјална заштита и преку изготвените анализи и поднесените коментари на предлог законски измени и дополнувања има за цел да се создаде поефикасно законодавство кое ќе ги заштитува и ќе ги остварува правата на децата во целина. Согледувајќи ги добрите практики од другите земји, адаптирани на нашите  општествени и социо-економски услоги се носат препораки за подобрување на законодавната рамка од оваа област .Како дел од работните групи во Собранието на Република Македонија за измена на постојното законодавство со кое се подобрува положбата, заштитата и се постигнува поефикасна и посеопфатна заштита на правата и интересите на децата во целина, во досегашната работа МЗМП дала придонес со поднесување на коментари на предлог закони

Листата на закони и подзаконски акти каде МЗМП има дадено свој придонес може да ја видите тука.

Правни тренинзи

Гледано низ призмата на лицата кои имаат улога да се грижат за заштита и остварување на правата на децат во оние ситуации кога нивните права се повредени,  МЗМП  изготви тренинг курикулум за потребните мерки и вештини поврзани со спроведување на интервју на деца жртви и/или сведоци во кривични и граѓански постапки, кој беше одобрен и вметнат во курикулумот –наставните планови во Академијата на судии и јавни обвинители .

 

Спроведени проекти од областа права на деца: 

 

 

Year

 

Project title

 

 

Donor

 

2018 – 2021 Legal support service for vulnerable victims of violent crimes CFCD / European Union
2017 – 2018 Protecting the rights of the children in criminal and civil procedures UNICEF
2017 – 2018 Enhancing Social protection for Children through Legal Aid UNICEF
2016 – 2018 Every children deserves its rights – All children all right UNICEF
2016 – 2017 Towards the Real Protection for Unaccompanied and Separated Child Migrants – PROCHILD

Dutch Embassy