Од 2011 како партнер на Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР), Македонското здружение на млади правници обезбедува бесплатна правна помош и правна поддршка за лицата без регистриран граѓански статус и лицата во ризик од бездржавјанство во Република Северна Македонија.

 

БЕЗДРЖАВЈАНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Бездржавјанството и недостатокот на регистриран граѓански статус и лични документи претставува сериозен проблем во уживањето на основните социјални и економски права за голем број на лица кои живеат во Македонија.

За повеќето од овие лица, сиромаштијата, маргинализацијата и дискриминацијата се „стандарден“ дел од секојдневниот живот. Најзасегнати се децата без државјанство кои растат сметајќи дека основните права се луксуз кој го добиваат повеќето деца, но не и тие.

Повеќе за бездржавјанството во Македонија на следниот линк

 

 

Нашите активности 

МЗМП обезбедува правна помош за лица без државјанство и лица изложени на ризик да останат без државјанство, со фокус на лица кои немаат запишано раѓање и лично име пред Управата за водење на матични книги при Министерството за правда. МЗМП активно соработува со Одделението за странци и реадмисија и Одделението за државјанство за сите прашања поврзани со толкувањето на релевантните одредби од Законот за странците и Законот за државјанство. 

Канцеларијата на МЗМП во Шуто Оризари е отворена секој работен ден од 08:30 до 16:30 на следната локација.

Регионална соработка

Од 2011 година МЗМП е дел од регионалната мрежа WeBLAN.

Активностите на WeBLAN вклучуваат помош во процедурите за граѓанска регистрација и обезбедување на документација во регионот, соработка за разни случаи и прашања поврзани со прекугранична соработка, размена на информации за правните и административните рамки и процедурите во земјите од регионот во однос на граѓанската регистрација, заедничко лобирање и давање препораки на земјите од регионот за спречување на државјанство и пристап до основните права, споделување на најдобри практики и барање решенија за утврдени проблеми, промоција на ВЕБЛАН меѓу соодветните локални, национални, регионални и меѓународни институции.

 

МЗМП е дел и од иницијативата на European Network on Statelssness каде што секоја година се обновуваат податоците за состојбата со бездржавјанството во цела Европа:

 

Спроведени проекти на темата бездржавјанство: 

2011 – 2020 Prevention and Reduction of Statelessness in Macedonia (UNHCR)

2012 – 2013 Julia Taft Refugee Fund Project for Documenting Refugees (US Embassy)

2017 – 2019 Statelessness index update (ENS)