Македонското здружение на млади правници од 2010 година е партнер на Високиот Комесаријат за бегалци при ОН за обезбедување на правна помош на лица под мандат на УНХЦР во Република Северна Македонија.

СИСТЕМОТ ЗА АЗИЛ ВО МАКЕДОНИЈА

Македонија е домаќин на бегалци уште од своето осамостојување во 1991 година, со пристигнувањето на бегалци од Босна и Херцеговина (БиХ) и Хрватска. Значителен прилив од поголеми размери имаше во 1999 година како резултат на конфликтот на Косово, кога привремена хуманитарна заштита им беше доделена на 400.000 бегалци од регионот, од кои 360.000 беа од Косово. Во моментов во нашата држава има околу 350 бегалци од Косовската криза кои веќе 20 години немаат трајно решение за нивниот правен статус.

До 2010 година повеќето лица кои влегуваа во државата беа од земјите на поранешна Југославија, Албанија и Турција. Оттогаш во Северна Македонија има сè поголем број на баратели на азил кои не се од регионов, пред сè од Авганистан, Пакистан, Сирија, Ирак. во 2015 и 2016 година Македонија и државите од регионот се соочија со масовен прилив на бегалци кои поминуваа низ така наречената „Балканска рута“. Во 2016 година се затворија границите и на Северната и Јужната граница се вопостави кризна состојба која трае до ден денешен. Бегалците и мигрантите продолжија да транзитираат, а дел од нив решија да побараат меѓународна заштита токму во Македонија.

Постапката за добивање на азил во Македонија е регулирана со Законот за меѓународна и привремена заштита, каде што е дефинирано дека надлежна институција за одлучување по поднесено барање за азил е Секторот за азил при Министерството за вратрешни работи. Сместувањето и останатите права кои ги уживаат барателите за азил во Северна Македонија се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Во државата постои еден Прифатен центар за баратели на азил кој се наоѓа во Скопје, Визбегово со капацитет за сместување од 150 баратели на азил.

Согласно податоците на МЗМП статистиката за поднесени барања и одобрени за азил во Македонија е следна:

 

Година

 

Број на лица кои поднеле барање за азил во Македонија

Лица на кои им е доделена меѓународна заштита

2011

744

2012

638

2013

1353

2014

1289

2015

1895

2016

762

                  7

2017

162

                  5
2018

299

                  6
2019

505

                  1

Нашите активности 

Активноситите на МЗМП се поделени во следниве категории:

Бесплатна правна помош за баратели на азил и бегалци при поднесување барање за признавање на право на азил и во сите фази од постапката до добивање на конечна одлука. МЗМП е присутна во Прифатно-транзитните центри Табановце и Винојуг, Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово и теренската канцеларија на МЗМП во Шуто Оризари. Повеќе за нашите локации на следниов линк.

Тимот за азил и миграции е составен од 6 правници кои застапуваат во првостепената постапка, 3 теренски правници, 2 преведувачи од арапски јазик и, 2 адвокати кои ги водат случаите пред Администативните судови.

Стратешко застапување од областа на азилот и миграциите. МЗМП активно се залага за промена на законски одредби и одредени практики кои ги прекршуваат основните права и човековите слободи во постапките за азил. За таа цел МЗМП заедно со тим на адвокати води стратешко застапување на предмети кои се подобни да создадат промена и да го подобрат системот за азил во Северна Македонија пред органите и судовите во земјава, како и пред Европскиот суд за човекови права и други меѓународни инструменти.

Истражувања и политики од областа на азил и миграции. МЗМП работи на истражувања и има издадено повеќе од 50 публикации на темата азил и миграции и иситите се достапни на следниов линк. Дополнително МЗМП учествува и дава свој придонес во изработка на закони и подзаконски акти од областа на азилот и миграциите. Листата на закони и подзаконски акти каде МЗМП има дадено свој придонес може да ја видите тука.

Правни тренинзи 

МЗМП обезбедува правни тренизи од областа азил и миграции кои се наменети зa државни институции, правосудни органи, локални самоуправи, НВО и адвокати и правници.

Ова се дел од темите:

  • Постапка за азил во Република Северна Македонија
  • Ефикасен систам за азил и миграции
  • Бесплатна правна помош на баратели на азил
  • Интеграција на бегалци и постапката за државјанство во Северна Македонија
  • Техники на интервјуирање
  • Постапување со ранливи категории на бегалци и мигранти
  • Постапка за ограничување на слобода на движење на баратели на азил и мигранти и правни лекови
  • Стратешко застапување пред ЕСЧП на предмети од областа на азилот и миграциите
  • Начин на сензитивно репортирање на бегалски стории
  • Симулација на судење од областа на азилот

Регионална и меѓународна соработка 

МЗМП е основач и член на       

Балканскиот совет за бегалци и миграции (БРМЦ) е коалиција на пет граѓански организации на општеството од Босна и Херцеговина, Македонија, Косово и Србија.Членовите на коалицијата се истакнати граѓански организации со специфични надлежности демонстрирани преку долгогодишна работа во областа на азилот и миграциската политика и на национално и регионално ниво.

Од 2012 година МЗМП е дел од  

 

Од 2017 година МЗМП е дел од 

Спроведени проекти од областа азил и миграции:

 

Year

 

Project title

 

Donor

2010 – 2020

Legal assistance and representation of persons under UNHCR mandate

United Nations High Commissioner for Refugees

2020 – 2024

Balkan Refugee and Migration Council: Security for Human Beings and Borders – Combating Smuggling of Migrants in the Western Balkan

European Union

2019 – 2021

Balkan Refugee and Migration Council: Making a pathway for a common Western Balkans migration policy

Dutch Embassy

2019 – 2020

Assessment of engagement of local units with foreigners residing within their territory

IRIS Network

2016 – 2019

USAID Refugees and Mirgrants Human Rights project

USAID

2018

Building together – Community Monitoring and Advocacy

Konrad Adenauer Stiftung

2017 – 2018

Strengthening local actors in refugee integration in Macedonia

Royal Norwegian Embassy

2016 – 2017

Improving the legislation for quality early learning and education opportunities for refugee and migrant children

UNICEF

2016 – 2017

Towards the Real Protection for Unaccompanied and Separated Child Migrants – PROCHILD

Dutch Embassy

2016 – 2017

Legal and psycho-social support of refugee and migrant women with special focus on victims of GBV in transit centre Tabanovce and Gevgelija, and Reception centre of asylum seekers

UN Woman

2016

Introduction to refugee and migration law training for young lawyers and students

Konrad Adenauer Stiftung

2015 – 2016

Rapid emergency teams for Western Balkan

OXFAM/DFID

2015 – 2016

Irregular migration as one of the challenges of Macedonia today

Royal Norwegian Embassy

2015 – 2016

Further Strenghtening migration and asylum capacity in Macedonia

Dutch Embassy

2015 – 2016

Improvement of rights protection and services for migrants and asylum seekers in Macedonia

FOSM

2015

V4 and Western Balkans – Sharing Knowledge and Experience on asylum

Visegrad FUND

2014 – 2015

Strengthening of the capacities of civil society in Macedonia in the area of asylum and migration

Croatian National foundation for civil society development