Македонското здружение на млади правници (МЗМП) има за цел да го зајакни придонесот на младите правници во унапредувањето на правничката професија и остварување на принципот на владеењето на правото и заштита на човековите права.

Сопствената мисија МЗМП ја остварува преку овозможување на континуирана едукација и поддршка на младите правници кои учествуваат во различни проектни активности насочени кон унапредување на нивната правна експертиза.

Младите во нашата држава се соочуваат со потежок премин кон пазарот на трудот, откако ќе го завршат своето образование. МЗМП смета дека стекнувањето на прво работно искуство преку спроведување на практична работа од страна на млади правници има клучна улога во правното образование и може да биде успешен дел во борбата против невработеноста кај младите и притоа да ги направи компетентни кандидати за идно вработување.

Воспоставување на Програма за практикантска работа со цел континуирана правна едукација на младите правници

МЗМП започнува со спроведување на Програмата за практикантска работа во март 2015 година. Целта на Програмата е зајакнување на професионализмот и градење на капацитетите на младите правници.

Преку Програмата, од една страна се овозможува практична работа со цел младите правници да станат конкурентни на пазарот на трудот, а од друга страна обезбедува обуки кои ќе им помогнат на младите правници да стекнат дополнителни знаења и вештини. Оттука, МЗМП преку Програмата за практикантска работа пробува да го обезбеди овој баланс за младите правници..

ПРОГРАМАТА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА УСПЕШНО ЈА ИМААТ ЗАВРШЕНО 491 МЛАДИ ПРАВНИЦИ И СЕУШТЕ Е ВО ТЕК

 

Програма за практикантска работа 2015-2017

Почнувајќи од март 2015 година МЗМП започнува со спроведување на Програма за практикантска работа. Програмата за практикантска работа имаше за цел зајакнување на капацитетите на младите правници и  создавање на кадар на правници оспособени да го предизвикуваат правниот систем и да градат пракса за заштита на човековите права и на основните демократски вредности загарантирани со Уставот на РСМ.

 

Програмата за практикантска работа вклучуваше:

Основни и напредни обуки во областа на човекови права
Двомесечна практична работа

 

Во периодот од 2015-2017 година, 392 млади правници успешно ја завршија Програмата за практикантска работа и имаа можност да стекнат практично правно искуство преку двомесечната практична работа во 23 правосудни институции, 19 адвокатски канцеларии и 5 професионални здруженија. Програмата се спроведуваше во 13 градови во нашата држава:  Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Стумица, Штип и Делчево,

Во овој период беа спроведени 28 основни и напредни обуки за човекови права за младите правници.

По спроведена евалуација на практикантите кои ја успешно ја поминаа Програмата за практикантска работа во периодот 2015-2017 година, 71% од испитаниците се изјасниле дека практикантската програма им помогнала во нивната конкурентност на пазарот на трудот.

Во овој период, Програмата за практикантска работа се спроведуваше во рамки на проектот на УСАИД за заштита на човековите права.

Програма за практикантска работа 2018 – во тек  

Програмата за практикантска работа продолжи да се спроведува од октомври 2018 година,

Програмата за практикантска работа опфаќa:

  1. Тримесечна практична работа    Обуки на теми:
  • Практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  • Вештини за барање на работа во правната професија
  • Сензибилизација .

Целта на Програмата е зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници преку подобрување на нивните прачтични правни вештини, вештини за наоѓање на работа во правната професија по нивното дипломирање, подобрување на знаењето за основните етички вредности на правната професија, и нивна сензибилизација за правните потреби на најмаргинализираните групи во општеството.

Во периодот октомври 2018 – март 2020 година, 99 млади правници успешно ја спроведија Програмата за практикантска работа и го стекнаа своето практично правно искуство преку двомесечната практична работа. Програмата се спроведува во 15 aдвокатски канцеларии, 7 основни судови, 1 апелационен суд, Врховен суд на РСМ, Управен суд на РСМ, Комисија за заштита од дискриминација, 3 канцеларии на Народниот правобранител. Програмата се спроведува во 8 градови во нашата држава.

Спроведени се 10 обуки на горенаведените теми..

По спроведена евалуација на практикантите кои ја успешно ја поминаа Програмата за практикантска работа во периодот 2018-2019 година, 79% од испитаниците оцениле дека практикантската програма им помогнала во нивната конкурентност на пазарот на трудот.

 

Програмата за практикантска работа, се спроведува во рамки на проектЗајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонијаподдржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

 

СЛЕДНИ ЦИКЛУСИ:

  1. Октомври 2020 – Декември 2020
  2. Јануари 2020 – Март 2021
  3. Април 2021 – Јуни 2021
  4. Септември 2021 – Ноември 2021

 

 

HELP DESK за млади правници

 

Од 2018 година МЗМП воспостави HELP DESK за млади правници со цел обезбедување на постојана поддршка при барање на работаили пракса вклучувајќи помош при подготовка на кратка биографија, мотивационо писмо и припрема за интервју за работа.

 

Покрај тоа, како дел oваа канцеларија за советување се креираше база на податоци која содржи информации за отворени работни позиции и повици за практикантство/волонтерство за млади правници, како и инфромации за обуки и работилници со цел зајакнување на нивните капацитети и устручување во конкретна област.  Информациите редовно се споделуваат со младите правници.

 

Целта на оваа канцеларија е да се поврзат на младите правници кои бараат работа со правни фирми, компании, канцеларии и организации.