Основање здружение

Здружение можат да основаат физички и правни лица. Здружение можат да основаат најмалку 5 основачи,  при што најмалку тројца од основачите мора да имаат живеалиште или престојувалиште, односно седиште на територијата на Република Северна Македонија (РСМ).

Здружение на граѓани може да основаат малолетни лица со навршена 15-годишна возраст,  преку изјава за согласност за основање здружение од нивниот законски застапник, за целите за кои се основа здружението во согласност со закон. Како основачи и членови на организација согласно закон можат да бидат и странски лица кои ги имаат истите права и обврски како и домашните лица, освен ако со закон не е поинаку определено.

Здружението се основа на основачко собрание. На основачкото собрание се донесува акт за основање, програма, статут и се избираат органите на здружението. Здружението се стекнува со својство на правно лице со уписот во регистарот што го води Централниот регистар на РСМ. Запишувањето во регистарот се врши со пријава за запишување која се поднесува во рок од 30 дена од денот на донесувањето на актот за основање.

Потребна документација:

Покрај овие документи во прилог на пријавата за основање се доставуваат и:

  • Покана за свикување основачкото собрание (покана за основачко собрание и иницијативен одбор)
  • Образец заверен потпис (ЗП) за претседателот на здружението
  • Фотокопија од лична карта на основачите (физички лица), а за правни лица – копија од тековна состојба заедно со писмено овластување од правното лице за вклучување како основач на здружението, овластување на лицето присутно на основачкото собрание за присуство на собранието и пристапување на правното лице како основач на здружението;
  • Листа на членови на Здружението (вкупно сите членови), заверена со потпис од претседателот на здружението
  • Листа на присутни членови на основачкото собрание, со своерачен потпис на секое присутно лице
  • Фотокопија од лична карта на застапникот/застапниците по закон (правни лица)
  • Одобрение од Министерство за правда на РСМ доколку во името на здружението е содржан зборот „Македонија” и зборовите изведени од него, како и неговите кратенки
  • Одобрение од надлежниот орган на Општината, односно Град Скопје, ако во името на здружението се содржани зборови со името на Општината, односно Град Скопје.

Останати обрасци поврзани со основање на здружение и запишување на промени:

Записник за измена на Статут
Записник на Собрание разрешување член на управен одбор
Записник на УО и одлуки промена на Претседател
Одлука за усвојување на пречистен текст на Статут
Одлука за усвојување на статутот
Список на присутни членови (собрание)

ОБРАСЦИ

Во продолжение може да  пронајдете обрасци потребни за секојдневното функционирање на здружението, поделени во различни области.

РАБОТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НЕГОВИТЕ ОРГАНИ

Деловник за работа на собрание
Деловник за работа на управен одбор
Деловник за работа на извршен одбор

АДМИНИСТРАТИВНО И ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Правилник за финансиско работење
Правилник за финансиско работење и административно работење
Правилник за вршење на јавни набавки
Правилник за патни трошоци
Правилник за канцелариско и архивско работење
Правилник за управување со постојани (основни) средства
Правилник за начинот на користење, управување и одржување на службени возила
Политика за спречување на дејствија на измама и корупција
План на архивски знаци и Листа на архивски и документиран материјал
Упатство постапување со документираниот материјал
Политики и процедури за управување со проекти
Правилник за организирање настани

ЧОВЕКОВИ РЕСУРСИ И РАБОТНИ ОДНОСИ

Правилник за управување со човечки ресурси
Правилник прием во членство
Правилник за комуникација и интерно однесување
Правилник вработувања (ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОТРЕБА ОД РАБОТНИЦИ) 
Правилник- дисциплинска постапка 
Правилник за награди и пофалници
Правилник за волонтерство
Политика на родова еднаквост
Мобинг- информации за работници
Мобинг- обврски работодавач
Изјава Мобинг
Листа на документи- досие на работник
Пристапница за здружение
Согласност за вршење волонтерска активност на малолетно лице
Формулар за волонтерски часови
Спогодба за раскинување на работен однос
Решение поради истек на рок член 64
Одлука за откажување на договор за вработување со отказен рок

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Правилник за заштита на личните податоци
Правилник за обврски и одговорности на администратор
Правилник за техничките и организационите мерки за обезбедување тајност и заштита при обработка на личните податоци
Правилник за начинот на правење сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци
Правилник за начинот на вршење видео надзор
Правилник за начинот на уништување на документи, бришење и чистење на медиуми
Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти
План и упатство- за техничките и организациските мерки- лични податоци
Овластување за обработка на личните податоци
Изјава за тајност и заштита на обработка-видео надзор
Изјава за тајност и заштита на личните податоци
Евидентен лист за лица овластени за обработка на лични податоци

ДОГОВОРИ

Договор за вработување
Договор за дело за консултантски услуги
Договор за вршење услуги
Договор за волонтирање
Договор за закуп
Договор за стажирање