1. Цели и области на правните анализи и истражувања

Правното истражување претставува процес кој правниците го користат при врешењето на својата работа без разлика дали подготвуваат одбрана за одреден предмет пред суд, подготвуваат правно мислење или договор, или пак застапуваат одреден став за менување на специфична јавна политика.

Области во кои здружението во кои здружението врши правни анализи и истражувања се следните:

– Пристап до правда / Правосудство

– Азил и миграции

– Бездржавјанство

– Анти-дискриминација

– Право на здрава животна средина

– Права на деца

– Правни професии

– Трговија со луѓе

– Останато

  1. Методи на истражување

За потребите на правните анализи кои МЗМП ги изработува во текот на работниот процес се користат повеќе различни извори и методи. При подготовката се користат примарни (закони и подзаконски акти, меѓународни документи, интервјуа итн.) и секундарни извори (веќе изготвени анализи, истражувања, правна литература итн.), а најчесто користени методи се следните:

Описен метод: Описното истражување ја означува моменталната состојба на предметите. Но, овој метод не навлегува во откривање на причините за постоење на феноменот или ситуацијата која се истражува. Конкретното истражување ќе ја опише институционалната поставеност и надлежностите на различни нивоа на власт, како што е пропишано со закон. Описното истражување користи различни методи, вклучувајќи компаративни и корелациони методи

Компаративен метод: Компаративниот метод се заснова на споредба на претходно идентификувани и објаснети системи на темата на која се прави истражувањето, во земјите од интерес, кои треба да послужат како добри практики. Најчесто се користи комбиниран пристап со поврзување на функционалниот и струкутралниот метод за правно компаративно истражување. Функционалниот метод како начин за спроведување на компаративна анализа гледа на „актуелниот социјален проблем и начинот на кој истиот е решен во различни јурисдикции на сличен односно различен начин, со слични или различни резултати“. Од друга страна пак, структуралниот метод обезбедува приказ на тоа како индивидуалните норми и закони се интегрирани во поширокиот систем.