МЗМП е посветено на унапредување на законодавството и политиките во областите во кои работи. Како професионално здружение на правници кои даваат правна помош на ранливи категории граѓани МЗМП има непосреден увид во проблемите и предизвиците кои се последица на одредени прописи или политики. Во таа насока МЗМП постојано ја следи состојбата со примената на законите во областите од интерес на организацијата и проактивно придонесува преку застапување врз основа на анализи и докази.

Активностите во оваа област вклучуваат спроведување на правни истражување и анализи, мониторинг на примена на прописи, вмрежување со други организации, изработка на предлози за измени на закони, давање коментари на предлог-прописи како и учество во работни групи.

  1. Следење на спроведување на законодавство

МЗМП посветено ги следи законите и подзаконските акти од интерес на лицата чии права ги застапува вклучувајќи ги:

– Законот за бесплатната правна помош

– Законот за спречување и заштита од дискриминација

– Законот за меѓународна и привремена заштита

– Законот за странците

– Законот за матична евиденција

– Законот за државјанство

– Законот за социјална заштита

– Закон за заштита на децата

– Закон за правда за децата

Во одредена мера, МЗМП постојано ги следи промените во најважните закони кои ги уредуваат разните видови на постапки вклучувајќи ги Законот за парничната постапка, Законот за кривичната постапка, Законот за општата управна постапка, Законот за управните спорови и Кривичниот законик.

  1. Застапување за подобрување на законодавството и јавните политики

Долгогодишната работа на МЗМП во одредени области како бесплатната правна помош, дискриминација и заштита на ранливи категории на лица резултираше со препознавање на експертизата на МЗМП во одредени области, но и конструктивниот пристап во работата на организацијата, од страна на релевантни институции.

Активностите во оваа област опфаќаат учество на МЗМП во работни групи за подготовка и измени на законски решенија и подзаконски акти, помош при изработка на прописи, но и вмрежување со други организации со цел застапување за подобрување на одредена јавна политика.

Покрај овие три активности, МЗМП редовно ги следи промените на законодавството преку електронските алатки кои ги нуди државата (како ЕНЕР) и притоа, го користи правото да поднесува коментари и препораки за подобрување на предлог законските решенија. Па така, МЗМП до сега има поднесено коментари и препораки во повеќе од 10 закони и други процеси, а во кои нема учествувано како резултат на некоја од следните активности.

Закони и процеси во кои МЗМП има испратено документ со коментари и препораки се следните: 1) Закон за основното образовани, 2) Закон за средното образование, 3) Закон за лицата без регулиран граѓански статус, 4) Закон за странци, 5) Закон за работни односи, 6) Закон за социјална заштита, 7) Закон за заштита на децата, 8) Закон за превенција, заштита и спречување од семејно насилство, 9) Кривичниот законик, 10) Закон за практикантство, 11) Закон за безбедност на храна, 12) Закон за амнестија, 13) Извештај за имплементација на Конвенцијата за правата на детето, 14) Закон за вештачење, 15) Правилник за ортопедски и други помагала, 16) Акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција итн.

А) Учество во работни групи

До сега, МЗМП има учествувано во подготовка и дополнување на неколку закони кои ги засегаат корисниците на кои здружението им обезбедува правна помош и совети.

– Закон за бесплатна правна помош

– Закон за спречување и заштита од дискриминација

– Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство

– Закон за правда за децата

– Закон за парничната постапка

– Закон за адвокатура

– Закон за правосудниот испит

– Ветинг процесот во Министерството за внатрешни работи

– Подзаконски акт за пријавување на формите на насилство, злоупотреба и занемарување во основните училишта

 

Б) Помош при изработка на прописи

МЗМП во текот на своето работење се постави како релевантен учесник од страна на граѓанското општество, во разни процеси од подобрување на националното законодавство, до промовирање на темелните вредности како заштита на човековите права и владеење на правото. Оваа улога, ја препознаа и некои од релевантните институции кои покажаа доверба во младите правници и побараа помош за изработка на одредени прописи, важни за нивно ефикасно функционирање.

Па така, МЗМП помогна во подготовка на:

– подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за бесплатната правна помош,

– прописи важни за Министерството за труд и социјална политика во делот на функционирање на Прифатниот центар за баратели на азил,

– правилнци од важност за функционирањето на Управата за извршување на санкции,

– правилиник поврзан со забраната за вознемирување на работно место во Армијата на РСМ и други.

Покрај на институции, МЗМП обезбедува помош и на граѓански организации кои учествуваат во разни процеси за подобрување на легислативата која е од нивен интерес.

 

В) Вмрежување

Преку вмрежување со БЛУПРИНТ Групата, Мрежата за заштита од дискриминација и граѓанските органзации кои обезбедуваат бесплатна правна помош вклучително Фондацијата Отворено Општество Македонија, МЗМП учествуваше во исклучително важни процеси за подготовка и менување на одредени законски решенија, се со цел усогласување на националното законодавство со меѓународните стандарди.

Здружението даде свој придонес во подготовка и поднесување на препораки за следните закони:

– Закон за бесплатна правна помош и подзаконските акти кои произлегуваат од овој закон

– Закон за јавното обвинителство

– Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела

– Закон за основното образование