Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЕСЧП донесе пресуда во корист на потрошувачи на топлинска енергија

Во последните 10 години, значителен број на граѓани водеа постапки за задолжувањето на исклучените потрошувачи од страна на БЕГ да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија.

Дел од овие граѓани беа подржани од страна на МЗМП со обезбедување на правна помош, застапување од страна на адвокат, како и со поддршка на вештачењата кои беа во поткрепа на аргументите на засегнатите граѓани.

Суштина на проблемот претставува Правилникот за снабдување со топлинска енергија на Регулаторна комисија на Република Македонија од 2012 година со кој е востановено плаќање на надомест за испорачана топлинска енергија и од страна на станарите кој не користат услуга за испорачување на топлинска енергија. Врз основа на овој Правилник, 20.000 семејства беа задолжени со надомест, а водените постапки пред Основниот суд, како и пред Апелациониот суд само ги втурнаа во поглеми долгови и онака задолжените граѓани, со плаќање на судски трошоци за изгубените судски постапки.  

Но, нивната борба не застана и тие не се обесхрабрија- десетина граѓани повторно со подршка од МЗМП, побараа заштита на своите права и пред Европскиод суд за човекови права (ЕСЧП). Правдата беше задоволена со донесената пресуда од страна на судот во Стразбур, во која е утврдено дека од страна на државата е повреден член 1 од Протоколот бр. 1 од ЕКЧП, Заштита на правото на сопственост, односно чиј предмет е да се заштити едно лице од неоправдано мешање од страна на државата во мирното уживање на неговата или нејзината сопственост.

Во целиот овој период овие граѓани беа застапувани пред домашните судови, како и пред судот во Стразбур од страна на Адвокат Диме Ѓорчевски од Скопје, а со подршка на МЗМП.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.