Презентација на годишен извештај за човековите права во РМ во 2016 година

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права денес го претстави Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права во Република Македонија за 2016 година.  На презентацијата говореа претставници на проектот, како и правници и адвокати кои соработуваа на случаи кои се поставени како примери во извештајот. Во продолжение прочитајте извадок од извршното[…]

Повик за ангажман за експерт за подготовка на прирачник за спроведување на стандардни оперативни процедури

Македонско здружение на млади правници има потреба од Експерт за подготовка на прирачник за спроведување на стандардни оперативни процедури во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите.  Целосниот повик тука: ТоР за подготовка на прирачник за спроведување на стандардни оперативни процедури (Заштита на мигранти и бегалци). 

„Поддржи нечие право денес“- 10-ти декември, денот на човековите права

Секој 10-ти декември меѓународната заедница го одбележува денот на човековите права во сеќавање на денот кога во 1948 година беше донесена Универзалната декларација за човековите права од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. Оваа година денот на човековите права ќе биде глобално одбележан под мотото „Поддржи нечие право денес“. По тој повод, Македонското здружение[…]

X.X. против МВР – Студија на случај

Оваа студија го анализира постапувањето на судовите во РМ по поведена постапка од страна на граѓанин кој смета дека му се повредени правото на слобода на движење и правото на еднаквост. Граѓанинот, од ромска етничка припадност, при обид да отпатува на краток престој во соседна Р. Србија во посета на роднини бил спречен од страна[…]

„Како да се известува јавноста за повредите на човековите права?“ Обука за претставници на граѓански организации и граѓански активисти

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права спроведуван од Македонското здружение на млади правници, во периодот од 28-30 октомври 2016 година, организираше обука на тема „Како да се известува јавноста за повредите на човековите права?“ наменета за претставници на граѓанските организации и граѓански активисти. Обуката им овозможи на учесниците да се стекнат со знаења и[…]