Aжуриран индекс за бездржавјанството во Македонија со краток приказ на македонски јазик

Денес Европската мрежа за бездржавјанство го објави ажурираниот профил од Индексот за бездржавјанството кој се однесува на Македонија кој ги содржи последните информации за новите категории како што се откажување од државјанството, намалување на бездржавјанството и билатерални договори за враќање и реадмисија, како и краток приказ за државата на англиски и македонски јазик, кој ги[…]

Регионален состанок на граѓанското општество за азил, миграција и бездржавјанство и состанок на мрежата WEBLAN

На 27 и 28 септември 2017 година, МЗМП во соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, организираше Регионален состанок на граѓанското општество за азил, миграција и бездржавјанство, во кој присуствуваа партнерски организации од Југоисточна Европа кои работат на азил, миграција и бездржавјанство. Состанокот претставуваше форум за граѓанските организации во регионот да ги препознаат заедничките предизвици[…]

Нашите невидливи деца – предавања за средношколци за бездржавјанството кај децата во РМ

Македонско здружение на млади правиници одржа предавања во скопското средно училиште „Васил Антевски – Дрен” на тема „Нашите невидливи деца- бездржавјанството кај децата во Македонија“. Правниците Александра Ефремова и Иван Кочовски зборуваа за причините заради кои децата во нашата земја и во светот остануваат без државјанство, страшните последици со коишто тие секојдневно се соочуваат, како и за[…]

Предизвиците во процесот на интеграција на бегалците и лицата без државјанство во РМ

На 18.10.2016 во Скопје се одржа работна средба на која што се дискутираа предизвиците во процесот на интеграција на бегалците и лицата без државјанство во РМ. Владимир Ристевски, правник во МЗМП говореше за актуелната ситуација и предизвиците при процесот на натурализацијата на бегалците во Р. Македонија врз основа на законски престој и брак  и за[…]